BREAKING NEWS
Search
IMG_6723 (Copy)

И најмладите ученици со честитки по повод 8-ми март.

Честит 8-ми март, мајко !

Вака денес најмладите ученици од одделенската настава на Основното Училиште “Гоце Делчев“- Подгорци, ја започнаа свеченоста по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март, каде со своите рецитали, творби,драмски изведби и други активности, на своите родители и припадничките од понежниот пол, им ја пренесоа својата честитка и порака за сё најдобро во иднина, притоа потсетувајќи на вредноста и улогата на една мајка и жена во семејствата и се разбира општеството.

Како што веќе забележавте денес веќе ја имавме втората свеченост по повод овој празник. Се одлучивме да ги издвоиме и на поединечен начин ги представиме умеењата, на нашите ученици, од оддленската и оние од повисоките класови, како не би дошло го создавање на гужва во просторот на нашата сала, имајќи ја предвид желбата на родителите да присуствуваат на ваквите наши свечености и радуваат на своите ученици кои се дел од оваа свеченост – ни изјави директорот на ова училиште г-динот Фадил Исламоски.

Во ова пригода уште еднаш на сите припаднички од понежниот пол им го честитам празник 8- март, посакувајќи им сё најдобро, а воедно да им се заблагодарам на нашите сограѓани и родители на нашите ученици кои пројавиа желба да бидат дел од нас, а исто така да им се заблагодарам и на нашите наставници кои се потрудија да ја организираат и успшено како и секогаш завршат ваквите планирани активности согласно план програмата на нашава школа – ни надополни г-динот Исламоски.

А, ние почитувани, во продолжение ви ја представуваме Фотогалеријата од забележаните фотографии и се разбира видео материјалот од оваа свеченост,




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × = six

%d bloggers like this: