BREAKING NEWS
Search
srebrenica-640x452

ТЕШКИ ОБВИНЕНИЈА НА ТУРСКИ НОВИНАР: Холандија намерно организира масакр во Сребреница, за да..

Шефот на дописништвото на турската телевизија ТРТ од Њујорк Кахраман Халишчелик обвинил дека Сребреница се случила бидејќи Холанѓаните сакале Европа да ја очистат од муслимани.

“Цело време мислевме дека Сребреница не се случила намерно. Сега е јасно дека Холанѓаните сакале Европа да ја очистат од муслимани“, напишал на својот твитер профил Халишчелик кој известува за ТРТ од ОН, во ек на дипломатскиот спор на Холандија и Турција.

58c55b34-8324-432b-9e26-22cf0a0a0a64-kahri-718x446

Армијата на Холандија, во рамките на мисијата на Обединетите нации, имаше батаљон во Сребреница, каде во 1995 година се случи масовен злочин, иако ОН претходно Сребреница ја прогласи за заштитена зона.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се закани дека Холандија ќе ја “плати цената“ откако ја протера турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја од својата земја.

“Тие секако ќе ја платат цената и исто така ќе научат што представува и што е дипломатија. Ќе ги научиме на меѓународна дипломатија“, изјави Ердоган во Истанбул.

“Холандијо, ако ги жртвувате турско-холандските односи заради изборите во среда, ќе ја платите цената“, додаде тој.

Ердоган изјави дека со причина ја обвини холандската влада за нацизам и фашизам, велејќи дека само такви режими им забранувале на министри за надворешни работи да патуваат надвор од границите на своите земји.

“Реков дека мислед дека нацизмот е завршен, ама не сум бил во право. Нацизмот живее на Западот“, изјавил претседателот на Турција.

Тој му се заблагодарил на Франција, која му дозволи на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу да им се обрати на припадниците на турските заедници во францускиот град Мец.

(Tanjug)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four − = 2

%d bloggers like this: