20170313_2_22376441_19818801_Web (Copy)

Дали Блискиот Исток ќе има арапско-израелски сојуз налик на НАТО?

КАИРО (АА) – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, сака да формира регионален сојуз меѓу арапските народи и Израел, заради спротивставување на Иран и на терористичката група ДЕАШ, јавува Аnadolu Agency (AA).

Предложената алијанса ќе ги вклучи земјите како Египет и Јордан, кои имаат мировни договори со Израел, и Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои немаат дипломатски односи со Израел.

Според странските медиуми, сојузот по модел на НАТО ќе се фокусира на редовната размена на разузнавачки податоци и на тоа да им се овозможи на израелските одбранбени компании да склучуваат бизнис зделки во арапскиот свет.

Аналитичарите веруваат дека предложениот сојуз е израелски маневар за префрлање на фокусот од палестинско-израелскиот конфликт и за примамување партнери од Заливот.

Алијансата, исто така, може да претставува и навестување на поголема американска воена интервенција на Блискиот Исток, што на крајот ќе им послужи на израелските интереси.

„Постои желба за формирање на арапско-израелски сојуз за соочување со ДЕАШ, исламскиот екстремизам и со Иран“, изјави египетскиот аналитичар Мохамед Есмат Сеиф ал Давла за Anadolu Agency.

Тој го наведе неодамнешниот извештај на египетскиот весник „Ал-Ахрам“ за документ проследен од тинк-тенк организација со седиште во Вашингтон, до арапските престолнини, за формирање воена алијанса на Блискиот Исток.

Според весникот, предложениот блок би ги вклучил Египет, Саудиска Арабија, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Оман и Јордан. Израел ќе има статус на набљудувач во предложената алијанса.

Весникот вели дека главната цел на сојузот е спротивставување на ДЕАШ, Иран и на исламистичкиот екстремизам.

- Израелски маневар -

„Напорите насочени кон интегрирање на Израел во регионот би требало да се соочат со одредени познати нивоа“, изјави Сеиф ал Давла.

Енвар Ешки, раководител на Центарот за стратешки и правни студии на Блискиот Исток, го опиша предложениот сојуз како израелски маневар за маргинализирање на палестинската кауза.

„Отфрлам каква било алијанса по модел на НАТО, сè додека палестинскиот проблем останува нерешен“, изјави тој за Anadolu Agency.

Иако арапските земји се во расчекор со Иран поради мешањето на Техеран во арапските работи, Ешки, поранешен саудиски генерал, истакнува: „Израел останува вистинска закана за арапските земји“.

„Регионот нема да биде во можност да го прифати Израел како партнер. Сепак, може да има посилни односи со Вашингтон“.

Ешки истакна дека политиките на Кралството се јасни во однос на нормализирањето на односите со Израел додека палестинската кауза останува нерешена.

Египетскиот воен експерт, Сафват ал-Зајат, ја отфрли можноста за формирање на арапско-израелски воен сојуз.

„Ова е израелски обид да се одвлече вниманието од палестинската кауза“, рече тој. „Тоа е, исто така, израелски обид да се бараат партнерства со земјите од Заливот, особено со Ријад“.

Ал-Зајат истакна дека гласовите за формирање на алијанса по модел на НАТО може да укажуваат на поголема воена интервенција на САД на Блискиот Исток“.

- Турција, сојузник на НАТО -

Тој укажа на неодамнешните изјави на американскиот началник на Здружениот генералштаб, генерал Џозеф Данфорд, во кои тој зборуваше за изготвувањето на план за борба против ДЕАШ во Сирија, Ирак и на други места.

Ал-Зајат рече дека на Саудиска Арабија во моментот не ѝ е потребно да се подобрат односите со Израел.

„Саудиска Арабија и Заливот се во сојуз со Турција, која е членка на НАТО и е значајна држава за Блискиот Исток“, рече тој. „Затоа, не постои оправданост Саудиска Арабија да се доближи кон Израел додека палестинскиот проблем останува нерешен“.

Египетскиот истражувач Енес ал-Касас истакна дека веќе имало привремен сојуз меѓу арапските земји и Израел.

„Многу арапски режими веруваат дека постои арапско-израелски сојуз кој се применува одвреме-навреме“, додава тој.

Ал Касас истакна дека арапските режими веруваат оти Израел би можел да биде стожер како најмоќна држава во регионот.

„Заливските земји веќе станаа активни по магливите односи со Израел, како дел од напорите за потрага по моќен партнер против Иран“, рече тој.

„Што се однесува до формирањето на сојуз според моделот на НАТО, Ал Касас вели: „Ние се движиме кон тоа“, и додаде: „Формулата, сепак, сè уште не е подготвена“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ eight = 13

%d bloggers like this: