курц

Курц кој вели: „Не доаѓајте за референдум“, учествуваше на митинг во Македонија

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој го сврте вниманието врз себе со изјавата: „Ердоган поради референдумот да не доаѓа во Австрија“, го привлекува вниманието и со противречноста меѓу неговата реторика и постапките, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот Курц, кој е познат по своите исламофобски и турскофобски изјави, беше изјавил дека турскиот претседател Ердоган може да дојде на билатерални средби во Австрија, но дека не сакаат Ердоган пред референдумот во Турција, закажан за 16 април, да разговара со своите избирачи во Австрија.

Меѓутоа, многу е голема противречноста меѓу реториката на Курц и неговите постапки. Една од овие противречности е неговото учество на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, пред предвремените избори во Македонија што се одржаа на 11 декември.

Со учеството на митингот на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Скопје на 27 ноември, Курц предизвика реакции од страна на опозициските партии, поради неговата изјава дека на митингот на ВМРО-ДПМНЕ учествува како член на Европската народна партија (ЕПП), чиј член е и ВМРО-ДПМНЕ.

На митингот, Курц им се обрати на илјадниците насобрани граѓани на Македонија, заблагодарувајќи ѝ се на Македонија, првенствено на ВМРО-ДПМНЕ, што го поддржале затворањето на балканската рута за бегалците.

Курц ја истакна својата благодарност за поканата да учествува на митингот, изјавувајќи: „Доколку не беше вашата влада, балканската рута не ќе можевме да ја затвориме. Благодарение на вашата влада, успеавме во тоа. Во овие тешки услови, благодарни сме ви за поддршката што ни ја дадовте. Во име на австриската Народна партија, ѝ посакувам многу среќа на вашата партија во предизборната кампања“.

Утредента, министерот Курц се сретна со својот македонски колега. По средбата, на прашањето за неговото учество на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, Курц одговори дека неговото учество на митингот на владејачката партија не е ништо спорно, бидејќи тој учествувал како член на ЕПП.

Курц во тогашната своја изјава истакна дека стои зад секој искажан збор, и дека ги повикал гласачите во Македонија да гласаат, а тие самите одлучуваат кому ќе му го дадат својот глас.

За учеството на Курц на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и за неговото обраќање, со кое предизвика реакции во македонските медиуми од страна на опозицијата во Македонија, а одредени политички аналитичари во Македонија истакнаа дека не е вообичаена таквата ситуација.

- Критики упати и австрискиот печат -

Учеството на Курц на митингот во Скопје предизвика критики и од страна на медиумите во Австрија.

Весникот „Дер Стандард“ објави текст под наслов: „Курц прави пропаганда на контроверзна владејачка партија во Македонија“, критикувајќи го неговото учество и неговиот говор на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ one = 5

%d bloggers like this: