руски војници

Русија распоредува сили во Египет и се подготвува за влегување во Либија

Руски и египетски дипломатски извори неофицијално потврдија дека Русија распоредила свои специјални сили во една египетска база на западот на земјата, на самата граница со Либија.

Според истите извори распоредувањето на руските специјални единици уследува како би се помогнало на пензионираниот генерал Халиф Хафтер, откако неговите сили, во последните денови, доживеале низа на неуспеси од страна на силите од Бенгази во така наречениот нафтен триаголник, кој бил под негова контрола.

Американски извори, кои сакале да останат анонимни, соопштиле дека САД дошле до оперативни податоци во кои се наведува дека на околу 100 километри од либиско-египетската граница забележани се воени единици и беспилотни летала, кој според сё им припаѓаат на руските специјални сили.

Египетски безбедносни извори за агенцијата Ројтерс соопштиле дека на местото Сејиди Берани, на либиско-египетската граница се наоѓа руска специјална единица, која брои 22 членови, ама не сакал да зборува за улогата на овие единици и мисијата заради која се наоѓаат тука.

Исто така во тие исвештаи се наведува дека Русите користат уште една египетска база во местото Мерси Матрух, источно од споменатата база во Сејиди Берани, каде по пат на воени авиони допремени се шест руски единици.

Египетската војска официјално го демантирала постоењето на странските единици на своја територија, тврдејќи дека тоа е “прашање на суверенитет“.

Москва во повеќе наврати се обидувала да оствари свое влијание на северот на Африка и формира некоја воена база, посебно на брегот на Средоземјето, што досега не и` успевало.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + = 18

%d bloggers like this: