17457298_1459721750725667_5779382488534282588_n

(Видео/Фото) “Стариот дом“ : Спомен, негрижа и потенцијална опасност

Повеќето жители на населба Подгорци, сигурно се сеќаваат на важноста и улогата на овој објект, ако се погледне низ неговата историја од кога се појавил на просторот на оваа населба.

За жал, не можевме да дојдеме до информации за тоа кога истиот е изграден, меѓутоа за неговите почетоци најмногу е препознатлив најпрво по продавницата на рахметли аџо Мавмуд, препознатлив со старата амбуланта и др. Весна, др.Есат и се разбира стоматолошката ординација на др.Слобода како и малата апотека со фармацевтот Зора.

По  извесен период истиот станува привремен дом за учениците на Подгорчани,  додека се градеше ова новото денешно училиште.

Како што ни изјави еден наш сограѓанин, сите тие си заминале, а денес овој објект остана само како дом на Месната Самоуправа Подгорци.

Како и да е, во овој наш натпис сакаме да укажеме дека овој објект веќе си го завршил своето, и тој денес представува ништо друго освен потенцијална опасност како за учениците во чија близина се наоѓа тој, така и за жителите на ова населба.

Во повеќе наврати поранешните состави на Месните самоуправи, кои со санирање и прилагодување на истиот за некаква намена се обидувале да изнајдат решение додека истиот се наоѓал во добро состојба, денес тој повеќе не може да трпи санации и единствено решение е истиот да биде урнат.

Денешнава Месна Самоуправа во повеќе наврати се обидувала да изнајдат решение за негово уривање, и тоа во рамките на своите финансиски можности кои не се доволни за реализација на таквата активност, иако преку повеќе наврати преку проекти поднесени до поранешната влада, и поранешниот премиер Груевски кој им ветил дека ќе им излезе во пресрет со изградба на нова спортска сала, сепак ситуацијата ни остана онаква каква што ја имаме денес.

И од најблиското училиште веќе им е јасно дека објектот веќе станува опасност по безбедноста на ученици, и активностите кои ги извршуваат во негова близина.

Нашите можности за одстранување на овој објект кој веќе и самите знаете и гледате дека е руиниран и представува опасност, се многу мали. Во повеќе наврати сме разговарале со представници на Месната самоуправа, како да се изнајде најприлагодливо заедничко решение за овој проблем, а веќе истиот планираме во скоро време да го ставиме и на дневен ред на следниот состанок на Училишниот одбор каде би сакале да има и представници на Месната, кои секогаш заедно со нас вложуваат напори за решавање на заедничките проблеми, меѓутоа се разбира во рамките на своите можности, – ни изјави представник на ова училиште.

Како и да е, напори се вложуваат да се изнајде решение за овој проблем кој покрај другите проблеми на ова населба, може да прерасне во најударен од сите проблеми кои треба да се решат во ова населба.

Меѓутоа како и да е, проблемот ни останува.

Овде не би сакале да го исполитизираме овој наш проблем, туку да укажеме на него. Имаме Месна Самоуправа, имаме органи во Основното училиште, имаме представници во Локалната Самоуправа, а се разбира ке имаме и нови други за кратко после Локалните избори, добро е таквите представници кои веќе излегле од Подгорци и се вработени во државни институции од каде може да се побара решавање на овој проблем, а и кои се надлежни за тоа , или пак граѓани кои  живеат и работаат во одредени организации, здруженија и друг вид на организации во Подгорци, да седнат на една заедничка маса и конечно изнајде решение додека не биде доцна, односно случи нешто (не дај боже) за што подоцна сите заедно ќе се сносиме одговорност, што не сме се ангажирале за решавање на проблемот, туку само сме укажувале на неговото постоење.

За да Ви ја представиме од блискu сликата на овој стар-руиниран објект, за момент прошетавме низ неговите простории и доловиме неколку фотографии кои ја покажуваат неговата моментална состојба.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × seven =

%d bloggers like this: