путинтелефон

НА РАБОТ НА ТОТАЛНА ЕКСПЛОЗИЈА: Путин го предупредил Израел веднаш да ги повлече авионите од Сирија, во спротивно ќе ги соборува

Владимир Путин на Израел му издал јасно предупредување дека доколку не им нареди на своите борбени авиони веднаш да го напуштат сирискиот возушен простор, Русија ќе биде принудена да превземе акција.

Според зборовите на амбасадорот Башар Џафариј, Путин на Нетанјаху му рекол дека правилата за игра на Израел во Сирија се промениле, предупредувајќи го дека Израел не може повеќе слободно да користи воени авиони во земја под руска заштита.

Сириската употреба на противавионски оган против Израел минатиот четврток навечер исто така ги смени правилата на игра, изјавил Џафари, притоа додавајќи дека Сирија нема да седи со скрстени раце додека се соочува со израелска закана.

Тој исто така тврдел дека кога граѓанската војна во Сирија започна во 2011 година, групи на опозициски милиции ги саботирале противавионските системи за одбрана кои му припаѓале на режимот на претседателот  Башар Ал Асад, давајќи му слобода на Израел слободно да дејствува.

Во одвоен инцидент, сириските медиуми пријавиле дека во неделата командант на милицијата кој се борел на страната на режимот убиен е во израелскиот воздушен напад околу местото Кунејтре.

Либанскиот ТВ канал Ал Мајадеен, кој е поврзан со Хезболах, жртвата ја идентификувал како Јасер Асајед, челн на националната одбрамбена милиција. Извор близок на режимот на Асад му изјавил дека Асајед бил командант на бригадата Голан, милиција на припадници на борците Друзи кои се бореле со режимот.

Помеѓу четвртокот вечерта и петокот наутро, изралески борбени авиони нападнале неколку цели во Сирија, покренувајќи сериозен судир со Израел и Сирија после избувнувањето на граѓанската војна од пред шест години. Во одговорот на воздушните напади, ПВО системот на режимот на Асад испалил неколку ракети на вионите. Исто така истовремено покренат бил и израелскиот противракетен одбрамбен систем Стрела, соборувајќи една ракета северно од Ерусалим. Овој инцидент го принудил на Израел по прв пат да признае дека покренал возушни напади во Сирија.

Веднаш после тоа, израелскиот амбасадор во Москва Гери Корен, повикан бил во руското Министерство за надворешни работи на разговор со заменикот за надворешни работи Михаил Богданов. Откако руските сили започнаа да дејствуваат во Сирија во 2015 година, имало неколку воздушни напади кои странските медиуми му ги препишале на Израел. Меѓутоа израелскиот амбсадор никогаш претходно не бил повикан да ги објасни израелските акции.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + = 11

%d bloggers like this: