20170326_2_22643683_20306480_Web (Copy)

(Видео/Фото) Ердоган: Ние не сме ничии непријатели, не мразиме никого

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Истанбул изјави дека Турција не е ничиј непријател и дека не мрази ниедна земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган на церемонијата за отворање на низа проекти во Газиосманпаша изјави дека проектите се значајна инвестиција, а се проценуваат на 528 трилиони лири (135.32 трилиони евра).

20170326_2_22643683_20306487_Web

По тој повод, зборуваше за борба против тероризмот и потсети на последниот обид за државен удар во Турција, и додаде дека турската војска, полицијата и другите припадници на безбедносните сили рамо до рамо се борат против терористичките организации.

„Ние не можеме да ги оставиме нашите браќа во Тал Афар, Мосул и Киркук сами. Ако сакаме да живееме овде во мир, ние прво мора да воспоставиме безбедност кај браќата во Сирија и во Ирак“, рече Ердоган, кој истакна дека не треба да им се овозможи на терористите повторно да се вратат на ослободените подрачја.

Тој додаде дека секој кој прашува што прави Турција во Сирија и зошто толку се занимава со Ирак, ѝ посакува зло на таа земја.

„Имам порака за соседите и силите кои се таму, првенствено за европските земји, за Америка, Русија. Ние не сме ничии непријатели. Ние не мразиме никого. Напротив, ние сакаме со секоја земја, со секоја заедница, да воспоставиме и да развиеме колку што е можно најдобри и најнапредни економски, политички и општествени односи“, рече Ердоган.

Тој потсети дека Турција 54 години чека пред вратата на Европската Унија (ЕУ), а се осврна и на последните случувања во Европа и на митинзите во Швајцарија, Холандија, Белгија, Германија.

„Ако ги затворат границите за мојот министер, ако донесат забрана за слетување авиони на друг министер, зарем ќе останам без ништо да кажам? Претседателот на Република Турција го нарекувате диктатор…Кога ние ги нарекуваме фашисти, тоа им пречи, кога велиме нацисти, тоа смета“, рече Ердоган.

Турскиот претседател ги повика сите земји кои ги користат терористичките организации против Турција, да се опаметат.

Тој потсети на референдумот за пакетот уставни измени кој ќе се одржи во Турција на 16. април, и ја повика јавноста да обрне внимание кој пропагира „ да“, а кој „не“.

20170326_2_22643683_20306486_Web




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 4 =

%d bloggers like this: