patriotizam1

Продолжува ли “Патриотскиот вандализам“ !?

Кога човек едноставно не може да се соочи со реалноста, тој едноставно може да стане или не, едноставно опасност за самата средина и општество.

За жал кај нас ваквите  луѓе “патриоти“ кои ја “сакаат “ оваа наша преубава земја, неможејќи да се соочат со реалноста, односно заминувањето на еден тоталитарен режим, од кој корист имаа само тие најблиските на тој режим, гледајќи го патриотизмот преку полнење на сопствениот џебен буџет, својот “патриотизам“ веќе извесен период наназад започна да го прикажуваат на начин на кој едноставно толку и разбираат или пак толку господ им дал ум.

Дали под заканувањето и оштетувањето на имотот на лицата кои не мислат како нив, односно имаат поинакво, поразумно и подемократско мислење, представува поим под кој би се подразбирал патриотизмот, единството и соживотот ?

Се разбира за вистинските и разумни луѓе во ниту еден случај ваквите постапки не би можеле да се споредат со било каков патриотизам, соживот и демократија.

Од тука ваквите постапки, секогаш представуваат резултат на недостиг на ум и разум, особено кога некој друг ти наметнува што треба да направиш, притоа погазувајќи ја својата чест и гордост и не мислејќи на она што господ ти го дал (својот ум).

За жал, кај нас во Струга, и во одредени делови на нашава си Македонија, ваквите недемократски, нечовечки и други постапки, реализирани преку: фрлање на летоци, во домови, и оштетување на имоти ( автомобили) на оние кои не размислуваат како нив, дефинитивно , не прикажуваат ништо друго освен нивната култура, разбирање, совест и човечност, и не разбирање на поимот за заедништво (соживот).

Имено, пред неколку денови ваквите постапки кои се препознатливи за нивната демократија и познавањето на истата, започнаа таа иста  нивна “демократија“ и “патриотизам“ да ја спроведуваат преку нивниот вандализам.

На 27.фебруари  во сила стапи препознатливото (графитирање) испишување на графити за некакви се предавнивци, притоа не осварнувајќи се на оние вистинските предавници кои ги натерале да пишуваат нешто за што не знаат и што друг им го турил во нивните глави, или пак за нешто што биле уценувани или изманипулирани..

16997836_1247126845324289_4528847348828017545_n

Сл.1 Испишан графит – порака за пратеникот на СДСМ – Јован Митрески

На 6.март предмет на нивната култура и патриотизам, беше автомобилот во сопственост на пратеникот Јован Митрески.

17191225_1253902374646736_4423229867043267307_n

Сл.2. Исечени гуми на автомобил на пратеникот на СДСМ – Јован Митрески

А, денес 29.март цел на ваквиот патриотски вандализам стана и автомобилот на претседателот на ОО СДСМ – Струга Даме Ложанкоски.

17554536_1521963361148027_2511347807588159593_n

сл.3 Фото оштетен автомобил на претседателот на ОО СДСМ – Струга Даме Ложанкоски

И двајцата (Јован Митрески и Даме Ложанкоски)  после овие постапки на несовесните и неодговорни патриоти,  ( ако воопшто можат и да се наречат патриоти или пак луѓе) , ги повикуваат еднаш за секогаш, а и крајно е да започнат да мислат со своите глави, заради тоа што сите ние живееме во Струга како едно семејство, сите ние се познаваме а утре можеби ќе сретнеме низ нашата струшка чаршија и седнеме и на заедничко кафе, и дека ваквите нивни постапки не наликуваат на нешто што може да се нарече патриотизам а ниту пак човечност, а нивните претпоставени доколку и тие имаат нешто од она што им го дал господ (ум) треба да се засрамат, и ваквите постапки, на нивниот препознатлив  патриотизам, кој едноставно не може да биде поим за патриотизам, туку едноставно реченица од само неколку букви, позната под само поимот ВАНДАЛИЗАМ.

А, дали ваквиот нивни “Патриотски вандализам“ ќе продолжи останува да се види во уште неколкуве преостанти денови….

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × = eight

%d bloggers like this: