нуклеарка

ТАЕН СОВЕТСКИ ИЗВЕШТАЈ: Прикриена нуклеарна катастрофа 4-пати поголема од Чернобил?

Пронајден е таен советски извештај во кој наводно е забележана нуклеарна катастрофа четири пати поголема од Чернобил.

Во текот на 1950-те детонација на нуклеарно оружје резултирало со четири пати посилна радијација со многу ќртви, отколку кататсрофата со Чернобил, пишува “Мирор“. Повеќе од 600 луѓе завршиле во болница, а се верува дека повеќе од 100.000 луѓе претрпеле тешки последици кои се видливи и ден денес.

Наводно, деца и денес се раѓаат со некои деформалитети кои се последица на радијацијата, спишува споменатиот портал, а пренесува “24sata.hr”.

Тестирале нуклеарно оружје.

Во август 1956 година Русите тестирале нуклеарно оружје во Семипалатинск во Казахстан, а последиците го зафатиле 160 километри оддалачен град Уст-Каменогорск. Семипалантиск, денес познат како Семи, била примарна локација за советско тестирање на нуклеарно оружје.

Во извештајот пишува дека научна експедиција, непосредно после експлозијата, испратена е во Москва. Тестирањето предизвикало радиоактивно здрачење и зараза преку казахстанските степи, големо подрачје со отворени травници на северот на земјата.

Научниците тогаш ги следеле последиците од зрачењето, а советските експерименти прордолжиле и понатаму. Русите не соопштиле за последиците од тогашното тестирање, а извештајот до неодамна останал сокриен од очите на јавноста.

Во септември истата година, месец дена после експлозијата, откако облакот се повлекол, советските научници соопштиле дека состојбата во Уст-Каменгорск и понатаму е преопасна за живеење. Имено од Меѓународната комисија за радиолошка заштита измериле дека нивото на радијација во градот 100 пати поголема од нормалната состојба.Следните неколку месеци, тестирањата се пренемстиле во бројни села во Казахстан.

Новинари на западниот свет од распадот на Советскиот сојуз известувале за очигледни здравствени проблеми на населението.

Со години сокривана вистина.

Новопронајдениот извештај, означен како државна тајна, по прв пат покажува дека советските научници биле свесни за катастрофата и дека успешно го заташкувале истиот сите овие години.

“Ова со децении била тајна“, изјавил дека Казбек Апсаликов управник на институтот, кој го пронашол извештајот и проследил на весникот “New Scientist”.

Во извештајот пишува дека многу казахстански градови погодени се со ова катастрофа.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 7 = thirty five

%d bloggers like this: