20170331224437_13015

ГИ ПРИСЛУШКУВАЛЕ И УЛИЦИТЕ: Во центарот на Москва откриена подземна шпионска соба

Археолози во подземни делови на Москва откриле “шпионска тајна соба“. Просторијата е откриена во текот на градежните работи во околината на Лубјанскиот плоштад. Научниците веруваат дека ова засолниште користеное за шпионирање на градските нрепријатели во 16.от век.

Војници кои претстојувале во собата сокриена под зидовите на Китај-город, благодерение на акустиката на ова просторија, можеле да ги слушнат сите разговори од луѓето кои биле на улиците.

Слични простории откриени се во текот и на изградбата на Московското метро во деведесетите години од минатиот век. Китај-городскиот зид изграден е во првата половина на 16.век како би го заштитил градот од нападите на кримските Татари. Зодот некогаш се протегал со должина од 2,5 километри и имал 12 кули, меѓутоа само мал дел од него останал до ден денес.

Откриената соба само една е од “ низата на единствени артефакти“ кои од почетокот на 2017 година ги пронашле археолозите. Повеќе од 150 предмети од 16 и 19 век откриени се во близина на Лубјанскиот плоштад каде работниците поставуваа нови комуникациски кабелски системи. Меѓу артефактите се наоѓа керамика, златници, куршуми, топовско ѓуле и врвови од стрели.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × six =

%d bloggers like this: