uiguri-muslimani

Кина: 6-години затвор на муслиман заради пуштање на брада

Суд во кинеската провинција Џинјианг, населена со мнозинско муслиманско население од етничката група Ујгури, осудил еден муслиман на шетс години затвор за “предизвикување на проблем“ и “носење на брада“, што претставува пракса на која и` се противат локалните власти, јавуваат локалните медиуми.

Судот во градот Кашгар  осуди 38-годишен муслиман Ујгур на шест години, додека неговата сопруга добила две години затвор, објавил весникот China Youth Daily. Човекот започнал да носи брада од 2010 година, пишува весникот.

Брачниот пар прогласен е за виновен заради “ карање и предизвикување на проблеми“, што е прилично неодредена, многу често користена квалификација во кинескиот правосуден систем.

Повеќе од една година властите во Џинјианг водат кампања против мажите кои пуштаат бради, бидејќи комунистичките власти тоа го поврзуваат си екстремистичките идеи.

Тука е и кампањата под наслов “Projekt Beauty” која ги охрабрува жените да го отфрлат носењето на хиџаб, чие носење е релативно раширена пракса меѓу жените Ујгури, главна муслиманска етничка група во Џинјианг.

Брашниот пар од Кашгар “добил неколку предупредувања“ пред да биде обвинет, пишува весникот, повикувајќи се на локални представници. “ Од почетокот на годината судски биле процесуирани и обвинети значителен број на особи кои ги прекршиле забраните за носење на брада и шамија“, изјавил представник во Кашгар.

Група за човекови права сметаат дека репресијата која Пекинг ја спроведува над ујгурската култура и религија представува причина за раст на тензиите во Џинјианг, регионот богат со ресурси.

Во бранот насилства минатата година во овој регион најмалку 200 луѓе загинале во серија на бомбашки напади и смртоносни судири со силите за безбедност, а Пекинг за тоа ги обвини “сепаратистите“ и “верските екстремисти“. Во април минатата година властите во областа Шаја понудиле парична награда за доушници кои на властите ќе им пријават дека нивниот сосед прекимерно пушта брада на лицето, а властите на градот Карамај во август на особите со бради и исламска облека им забраниле да се возат во средствата за јавен превоз.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − = 4

%d bloggers like this: