&NCS_modified=20170402183339&MaxW=640&imageVersion=default&AR-170409901

(Фото) Арапите направија најголема банка

Првата банка на Персискиот залив и Националната банка на Абу Даби извршија спојување, со што е создаден најголем кредитор во Обединетите Арапски Емирати.

image

Имотот се проценува на 180 милијарди долари, а ќе послува под името Прва банка на Абу Даби (First Abu Dhabi Bank).

Тргувањето со акции на новиот заемодавач започна во неделата на берзата во Абу Даби под ознаката NBAD, при што до пладнето нејзините хартии на вредност пораснале за 1,5%  на 10,40 дирхеми ( 2,8 долари). Поред податоците на агенцијата “Блумберг“, до тогаш речиси два милиони акции на ова банка ги смениле сопствениците.

“Ова е момент на промена за Абу Даби, за рагионот и пошироко“, потврдил Абдулхамид Сајед, главен извршен директор на новада здружена банка во својата изјава за “Блумберг“, притоа додавајќи дека главни приоритети на овој кредитор установени се во рамките на визијата и амбициите за раст на Абу Даби и ОАЕ.

Абу Даби, кој поседува 6% од светските резерви на нафта, спои две најголеми домашни банки како би станал поконкурентен спрема останатите ривали и како би ги зајакнал своите можности на кредитирање и обезбедил финансирање , бидејќи овој емират се бори со ниските цени на “црното злато“.

Соединувањето може да доведе до понатамошна консолидација на индустријата на финансиски услуги на Обединетите Арапски Емирати, каде се натпреваруваат околу 50 заемодавачи на пазараот со околу 9-милиони луѓе, отценуваат аналитичарите.

 





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = five

%d bloggers like this: