груевски

ПРОБЛЕМИТЕ СЕ НАТРУПУВААТ: Заложничката криза на Никола Груевски

Македонската политичка криза, сё повеќе наликува на заложничка криза. И покрај тоа што ВМРО ДПМНЕ повеќе нема легитимитет во јавноста, и покрај тоа што на декемвриските избори како прво пласиран освои две пратенички места повеќе од СДСМ, никој во Македонија не сака да коалицира со Груевски.

Па, сепак, разгранетата мрежа на клиентилистички интереси помеѓу членството и партијата им овозможува на овие конзервативци да ја блокираат земјата. Додека меѓународната заедница, вклучувајќи ги и медиумите како Билтен , го следат застојот на ситуацијата во Македонија, проблемите се натрупуваат, а важните теми слични како економската ситуација, загадувањето на средината( имено три најзагадени градови во Европа се наоѓаат во Македонија) или пак условите за работа во македонските фабрики ( формирани како “привлекување на странски капитал“) кои доведуваат до масовно труење на работници со стафилокока едноставно чекаат како точка на дневен ред да бидат ставени во редот на сериозните политички прашања.

Во меѓувреме, Ѓорѓе Иванов, сеуште македонски претседател, и покрај еклатантното кршење на уставните одредби на политичката сцена изведува драмолети кои му ги пишува шефот на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски. ВМРО ДПМНЕ објави своја декларација под наслов  За заедничка Македонија. Како и останатите слични десничарски документи кои артикулираат вредносни позиции и овој повик на традицијата, важноста на јазикот и името како одредница на националниот идентите, Македонија ја дефинира како земја на Македонците во која подеднакво право на живот имаат и останатите, малцинства и нации. Како што веќе истакнаа некои аналитичари, основниот парадокс на ова Декларација, односно бесмисленоста на овој манифест се сведува на фактот дека ВМРО ДПМНЕ на власт помина цели десет години и дека проблемите кои ги адресираат во декларацијата неуспешно ги решаваат целото тоа време, предизвикувајќи блокада, наместо развој на земјата.

Дека ситуацијата и понатаму навистина е сериозна потврдува и зачестената комуникација на Европските политичари со официјално Скопје. Откако Иванов пред десет дена одби да прими Јоханес Хан, екропскиот комесар за проширување со објаснување на некаква си итна  – посета на Унгарија и средба со премиерот Виктор Орбан, медиумите започнаа да пишѕваат за средбата на Никола Груевски и германската канцеларка Ангела Меркел на Малта. За што точно се разговарало на јавноста не му е познато. Отприлика во исто време и веројатно независно од тој состанок, ДУИ размислуваше за оставки на своите министри, во сеуште актуелната техничка влада. Од тоа на крај се откажало со образложение дека со тој чин и понатаму ништо не би се променило, освен што би се изгубило на можноста и на вакво редуцирано влијание. Од друга страна, доколку Ангела Меркел се обидела и да разговара со Груевски во врска кризата, а не колку за пример за нужноста од држење на балканската миграциска рута затворена или отварање на нови македонски пазари за германските фирми изгледа дека не успеала. ВМРО ДПМНЕ и понатаму во прв план ја турка бесмислената Декларација за единствена Македонија игнорирајќи ги многу поважните проблеми на земјата.

После Хан и Меркел, вчера на ред дојде и Донал Туск, претседател на Европскиот совет. Туск вчера пристигна во Македонија и на средбата со Иванов, му ги пренел мислењата на Европскиот совет, дека ситуацијата треба да се реши внатре, и дека не постои никакво надворешно мешање со пто би се променила нечија политика, во нашиов случај Македонија, туку да се помогне во изнаоѓањето на решение за излез од моменталната криза.

За жал, Ивано сеуште го турка она што него му го наредил неговиот партиски шеф, со што и покрај тоа што го прекрши уставот на државата, со недоделувањето на мандато на претседателот на СДСМ Заев, тој сеуште државата ја турка кон сё поголема неизвесност, која секојдневно нанесува штета на целокупната економија, притоа и зголемувајќи ја опасноста од можни појави на етнички тензии, без и претходно да размисли со сопствена глава, а истовремено со блокирајќи ги сите процеси на развој на државата, и како што велат од СДСМ со помагањето на неговите партиски пријатели од ВМРО ДПМНЕ свесно да се блокира работата на собранието во изборот за спикер на собранието и предавање на власта во рацете на опозицијата, тој како што тврдат адредени аналитичари, сега го враќа долгот кон својата матична партија, каде заедно со сите представници на ВМРО ДПМНЕ во парламентот едноставно се заштитува криминалот на членовите на неговата партија, и ништо друго, иако трагикомично и понатаму се кријат зад некаков си “патриотизам“.

Најстрплив меѓу сите тие актери по се изгледа е Зоран Заев, несуден мандатар за премиер, кој од ден на ден на медиумите им потврдува дека неговата колиција со со насобраните потписи, подготвена е да формира влада, притоа истовремено обидувајќи се истовремено и да ја одблокира земјата, и отвори дебати кои инаку би биле на дневен ред, со кои би се спречило Груевски повеќе земјата да не ја држи во заложничка криза.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + = eleven

%d bloggers like this: