сирија база

Нејаснотии околу американското ракетирање на воената база на Асад

АНКАРА (АА) – Воздухопловната база на силите на режимот на Асад во сирискиот град Хомс, кој утринава беше ракетиран од војската на САД, беше една од најактивните воени бази во земјата. Меѓутоа, се појавија нејаснотии откако избори блиски на режимот на Асад соопштија дека базата од порано била испразнета, и дека во текот на нападот загинале само шест војници, јавува Анадолија Агенцијата (АА)

Воздухопловната база Шајрат, која американската војска ја нападна откако сирискиот режим изведе напад со хемиско оружје на 4.април, се наоѓа на 31 километар југоисточно од градот Хомс.

Според сириските јавни податоци, во внатрешноста на базата се наоѓале бројни единици на режимската авијација, меѓу кои и 7.МИГ -23 единици, МИГ-29 единици, 677.СУ-22 единици, како и единица СУ-22 авиони кои и изведиле напад со хемиско оружје на Хан Шејхун. 4.април.

Освен тоа, во воената база  Шајрат се наоѓале и бомбардерски авиони СУ-35, како и осум хеликоптери од типот К52 и четири МИ-27, станува збор за хеликоптери од руско производство.

Официјалната новинска агенција на режимот САНА повикувајќи се на сириски воени извори објавила дека во нападот загинале шест војници, а телевизијата Мејдин, позната по својата блискост со Асад, тврди дека базата била испразнета пред американскиот напад.

Исто така, на поедини профили на социјалните мрежи објавени се идентитети на загинатите војници во нападот, и притоа изнесени тврдења дека тие не загинале во воената база Шајрат, туку во одбрамбената единица која се наоѓала во близина на базата.

Тврдењата на медиумите на режимот на Асад довеле до нејаснотии, од тука се поставува прашањето дали во текот на нападот некој се наоѓал во внатрешноста на воздухопловната база Шајрат, која беше гаѓана со неколку десетина ракети Томахафк, разорни ракети со голем дострел и голема прецизност на гаѓање.

Американски представници не изнеле било какви претпоставки за тоа колку војници на режимот загинале во нападот на воздухопловната база.

Од друга страна, телевизијата СНН објавила дека неименуван представник на Пентагонј изјавил дека во воената база Шајрат се наоѓаат и руски елементи, меѓутоа како би се спречиле губитоци на животи, Русија претходно добила информација.

Русија, која важи за најважна подршка на режимот на Асад, не се огласила за тоа дали во Дамаск ја проследила информацијата за предстојниот напад.

SAD raketirale Assadovu vojnu bazu u Siriji
Според соопштението на Пентагон, воздухопловната база Шајрат гаѓана е со 59 проектили Томахавк утринава околу 5 часот по локално време.
Проектилите се лансирани од американски бродови во домет на гаѓаната база. Исто така Пентагон наведил дека им е познато дека во базата се наоѓаат и руски војници како и тоа дека Русија во текот на денот била известена за нападот.

Извор: Anadolu Agency




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − three =

%d bloggers like this: