c85c96715bed8adbde1ebc6b9d7ea33d_L

(ФОТО) Вработена во МНР, членка на ВМРО – ДПМНЕ се заканува со пушка

Од оваа фотографија може да се види дека Вики Китанчева, не само што се фотографирала со пушка и сликите ги објавила на социјалните мрежи, таа напишачла и коментар дека се подготвува за претстојните денови, алудирајќи кон идното формирање функционална и ефективна влада, дознава Centarnews.net
Според информациите Вики Китанчева живее во скопската населба „Буњаковец“, член е на ДПМНЕ и работи во министерството за надворешни работи.
Ваквите лажни „патриотки“ од ДПМНЕ не се санкционирани од својата партија, туку напротив се шпекулира дека ги поттикнува да сторат кривично дело, се со цел заштита на раководството на ДПМНЕ и Груевски од одговорност за сторениот криминал. Се претвораат во паравоени формации, а не престануваат нападите врз јавни личности, политичари и новинари.
Надлежно јавно обвинителство би требало да отвори истрага за овој случај по овој напис на Centarnews.net како медиум кој ја открива вистината со факти и фотографии. Во демократските земји насилството е недозволено средство за решавање на проблемите. Сите политичари треба да се обврзат пред народот дека никогаш нема да си кренат рака еден на друг, а на тој начин ќе го поттикнат и народот никогаш да не крене рака врз себеси.
Во секој случај, безбедноста во Македонија е напната и сложена, па многу лесно може да избие граѓанска војна. Жално е тоа што моменталната состојба наликува на онаа пред дваесетина години кога обична тепачка на свадба можеше да предизвика голем конфликт.
Членовите на иницијативата „За заедничка Македонија“ повеќепати најавуваат дека се во можност да влезат во зградата на Собранието, па дури и насилно да ја прекинат седницата за формирање нова влада и да ги исфрлат пратениците надвор од зградата.
– Граѓани на Република Македонија, бидете на готовс, подготвени за секаква реакција. Заедно, сложни, бројни, мудри и силни. Доаѓа времето на финалната победа – најавија од иницијативата.
Деновиве, актуелни се и патриотските здруженија што го формираа „Македонскиот национален фронт“ и кои најавија дека ќе преземат и насилни чекори само за да го одбранат „националниот интегритет“ на државата.
Извор: Iportal



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 × = one

%d bloggers like this: