20170411_2_23010112_20911570_Web (Copy)

Блет: Европа подготвува застрашувачко сценарио против Турција

ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот композитор и пијанист Стефан Блет изјави дека Европа подготвува застрашувачко сценарио против Турција и дека со злоупотреба на медиумите сака да предизвика омраза и страв од муслиманите, и на крајот да предизвика војна меѓу муслиманите и христијаните, јавува Anadolu Agency (AA).

Блет, истакнат француски уметник, познат како голем љубител на турската култура и на градот Истанбул, во интервју за АА ја обвини Европа дека води антитурска кампања.

Тој истакна дека е јасно оти во Европа се прават обиди да се наметне антитурско расположение, и дека на европската сцена се прави обид за опасно и страотно сценарио против Турција.

„Знаците дека нешто такво ќе се случува ги забележав многу порано. Јас навистина се срамам од таквата Европа. Јас сум Французин, но Франција не е она што беше некогаш. Се плашам многу, бидејќи гледам што се обидуваат да направат. Работат на создавање многу лошо ционистичко движење во Европа. Ги користат сите медиуми за да ги плашат луѓето со муслиманите. Тие сакаат христијаните да војуваат со муслиманите“, рече Блет.

Блет истакна дека во европските медиуми веќе подолг период нема ниту една позитивна вест во врска со Турција, туку само вести во рамките на антитурската кампања, и додаде дека тој лично се запознал со богатството и со убавините на Турција и на муслиманите, но дека медиумите во Европа се одговорни за поттикнувањето проблеми меѓу христијаните и муслиманите, кои некогаш живееја во хармонија.

„Економската ситуација во Европа е лоша и сега кај луѓето се прават обиди да се предизвика страв од кризата. Зад сето тоа стои голем и опасен план за предизвикување хаос“, рече Блет и додаде дека не се сите Европјани расисти и дека многумина се незадоволни од актуелните политички лидери.

„Во Франција се откажани неколку мои концерти и таму ме нарекуваат фашист, бидејќи ја сакам Турција. Тоа е лошо и тажно и сѐ на некој начин стана политика. Јас сум уметник, роден сум како христијанин и близок пријател сум со многу муслимани. Тоа не сакаат да биде пример во Европа, новинарите шират лаги, иако добро ја знаат вистината“, вели Блет.

Тој потсети дека Турција и нејзината култура ги запознал и ги засакал пред 23 години, и истакна дека постојано од терористите на ПКК добива закани поради ширењето позитивна слика за таа земја.

„Среде Париз, терористите на ПКК одржуваат протести под мотото „Смрт за Турција“. Како е можно ова и кој го одобрува? Тоа е шокантно бидејќи кога некој сака да одржи митинг за поддршка на Турција, целата француска полиција скокнува за да го спречи тоа“, вели Блет.

Блет нагласува дека и понатаму преку музиката и уметноста ќе се градат мостови на пријателство меѓу Турција и Европа, и посочи дека многумина европски пијанисти на концертите ги изведуваат неговите дела, вклучувајќи и 12 османлиско-турски рапсодии.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− four = 4

%d bloggers like this: