BREAKING NEWS
Search
Трамп-ким

Дали Трамп започна со “ПРЕВЕНТИВНА ВОЈНА“? Кина ги прекинува сите летови со С.Кореја, Јапан се подготвува

“Еднаш кога навистина ќе дојде до војна, резултатот нема да биде ништо друго, туку повеќекратни губитоци. Никој не може да биде победник“

 Денес ситуацијата на Корејскиот полуостров дополнително се заостри кога закани едно на други си упатија САД и Северна Кореја. САД стравува дека Северна Кореја би можела во сабота заради прославата позната како “ Ден на сонцето“, инаку роденден на Ким Ил Сунг да изведе нуклеарне тест. Ако тоа се случи, САД порачаа дека ќе изведат превентивен напад, а нивното вооружување е во степен на готовност во близина на Северна Кореја. Дека ситуацијата не е ниту малку едноставна, докажува и тоа што што се случило во Генералштабот на Северна Кореја кој порачал дека и тие ќе дејствуваат превентивно на било каква американска закана. Истакнале дека агресорите нема да преживеат доколку бидат нападнати и дека “немилосрдно ќе ја опустошат “ на САД. Целиот ден на ова тема доаѓаат соопштенија, а последна во низа  доаѓаат оние од Кина и Јапан кои се во состојба на приправност заради можен судир на САД и Северна Кореја.
Кинеската авиокомпанија “Ер Чајна“, единствена странска авиокомпанија која извршува редовни комерцијални летови кон Северна Кореја, од понеделник ги прекинуваат сите летови на релација Пекинг-Пјонгјанг, објавила на својот официјален сајт државната телевиција ЦЦЦТВ. Телевизијата притоа не ја образложила суспензијата, наведува АФП/

Кинеската “Ер Чакна“ и севернокорејската авиокомпанија “Ер Корјо“ биле единствени авикомпании кои извршувале летови на таа релација, забележува АП.

Кинескиот министер за надворешни работи  Внг Џи денес предупредил дека нема да има победник во војната помеѓу САД и Северна Кореја и ги повика двете страни да прекинат со меѓусебните провокации и закани со што ситуацијата не би излегла од контрола.

rat

- Еднаш кога навистина ќе дојде до војна, резултатот нема да биде ништо друго освен повеќекратни губитоци. – изјавил Ванг на заедничката конференција за новинари за францускиот колега Жан Марк Ером.

Најавата уследила откако војската на Северна Кореја денес се закани со “немилосрден одговор“ на било каква провокација на САД, соопштила официјалната новинска агенција на таа земја КЦНА.

Јапонското Министерство за надворешни работи соопштило дека од денес започнува со одржување на “високо ниво на надзор“ и дека ги “превзема сите можни мерки“, како би одговориле на секаква можна непредвидлива ситуација на корејскиот полуостров, каде Северна Кореја предупредува на војна и нови нуклеарни проби.

Јапонското Министерство исто така соопштило дека Јапан соработува со САД, Јужна Кореја и другите земји, како и тоа дека ќе продолжи да вложува напори како би ја убедиле  Северна Кореја да се воздржи од понатамошни провокации и однесува во рамките со резолуциите на ОН, кои го бранат развојот на ракетната технологија, пренесува АП.

Како што се потврдува, истото Министерство одбило да ги коментира поедини делови на интервјуто на потпретседателот на севернокорејската влада на агенцијата АП, кој истакнал дека неговата држава ќе извршува нуклеарни проби, кога раководството на таа земја ќе смета дека има потреба од тоа.

Претходно американската телевизија Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на добро упатени извори на американските разузнувачки служби, објавиле дека САД подготвени се да покренат превентивен удар со конвенционално оружје на Северна Кореја доколку дојде до уште еден нуклеарен тест.

Пентагон одбил да ги коментира тврдењата на американската телевизија Ен-Би-Си њуз.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = three

%d bloggers like this: