израел

Израел обвинет за кражба на органи на починати Палестинци

Израелскиот врховен суд го разгледува барањето поднесено од страна на Центарот за заштита на правата на поединците (HaMoked) и Центарот Ерусалим за човекови права да се забрза враќањето на телата на 123 Палестинци, додека државното обвинителство признава дека нема никакви информации за местото погребување и особите одговорни за задржување на телата.

При разгледувањето откриено е дека Израел ги ’изгубил’ телата на Палестинците коии ги држел на тајни гробишта познати како ’ Гробница на бројки“. Повеќето од тие тела Израел ги држи уште од деведесетите години на минатиот век. Државното обвинителство тврди дека се пронајдени и идентификувани две тела, од вкупно 123. Палестински семејства поднеле барање за враќање на овие тела во 2015 година.

Организациите за човекови права тврдат дека Израел систематски и небрижно се однесува спрема телата  со намера да ги уништи. На тој начин би се спречило откривањето  на кражбата на органите на убиените за трговија или за користење во нивни истражувања. Исто така, една од причините е да се спречи и документирањето на егзекуцијата на Палестинците на лице место кое го спроведуваат израелските војници, со тоа прикривајќи ги и доказите.

Исто така Организациите за човекови права и Националниот комитет за враќање на телата на мачениците го обвинуваат Израел за трговија со органите на Палестинците. Исто така сметаат дека Израел треба да сноси законска одговорност за исчезнување на телата, притоа барајќи од палестинските власти ова прашање да се интернационализира и покрене обвинение против Израел на меѓународниот суд. Тие исто така нагласиле дека ваквата окупаторска пракса спротивставува на меѓународното право и може да се смета за воено злосторство.

Далиа Керстејн, извршна директорка на Hamoked, ги обвини израелските власти за усвојување на систаматска политика спрема телата на Палестинците, која ја карактеризира затвореноста, занемарувањето, сокривањето на информации и уништување на документација. Во барањето кое е предадено на Врховниот суд се поставува прашањето како е можно телата, кои долга низа на години се затворени, туку така да исчезнат и никој да нема информации за тоа.

Таа исто така нагласила дека сите институции, вклучувајќи ја и војската, министерствата, националното обезбедување и Институтот Абу Кабит за судска медицина, одбиле да дадат потребни информации, што го зајакнува впечатокот дека постои општ тренд за прикривање и кршење на законите.

Занемарување

Адвокатот Фуад Султани, активист на движењето Ал-Асеерах, смета дека Израел треба да сноси законска одговорност за исчезнување на телата и немарен однос спрема нив. Тој појаснува дека воените и безбедносните власти, имаат намера да се ослободат од одговорност, препуштајќи ја истата на приватните претпријатија да вршат закопување на тела без документирање и архивирање на досиеата на убиените затвореници. Повеќето од тие фирми прогласиле банкрот и се затворени, што подразбира неможност од пронаоѓање на информациите за телата и местата на погребување.

Султани исчезнувањето на телата ги поврзува со обидот на Израел да ги сокрие злосторствата во текот на поранешните побуни и моменталните побуни на палестинскиот народ. Она што е специфично за овој феномен убивањата на самите места, додека телата на убиените се држат во ладилници како би се сокриле доказите, вели тој.

Исто така Султани стема дека враќањето на посмртните остатоци на семејствата проследено е со строги ограничувања и погребувања по полноќ со присуство на израелски војници, без дозволување на семејството или палестинскиот патолог да го видат починатиот, и токму тоа представува обид да се спречи откривањето на кражбата на органи кои се продаваат или се користат за научни истражувања.

Судење

Портпаролот на Националниот комитет за враќање на телата на убиените Мохамед Алиан ал-Та`ун исто така напоменал дека во прашање станува кражба на органи. Мохамед е татко на убиен. Неговиот син Бахаа со неговиот колега Билал Гханем изведил вооружен напад на автобус во гратчето Џабал Мукаббир во кој загинале тројца Израелци. Телата на овие двајца Палестинци држани се девет месеци во ладилници, а на семејствата им се предадени во целосно замрзната состојба. Погребани биле во текот на ноќта со присуство на израелските сили. На семејствата не им било дозволено да ги видат.

Алиан вели дека со кампањата врши притисок на окупаторите да ги предадат телата на Палестинците кои ги држат уште од октомври 2015 година, а чиј број е поголем од 150. Некои тела се држени по неколку месеци, а некои и по година дена или повеќе во замрзната состојба, заради што било тешко да се изврши патолошки преглед. Израелските сили при предавањето на телата условуваат да не се спроведува обдукција и погребувањата да се извршуваат по полноќ.

Алиан апелирал на палестинските власти да го интернационализираат ова прашање на враќање на телата и покренат постапка пред меѓународните судови како би се открила израелската пракса која се спротивставува на меѓународните конвенции. Вели дека Израел мора да се осуди заради овие злосторства кои окупациските власти се обидуваат да ги покријат и држат како мистерија без одговор.

Извор: Al Jazeera

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + 8 =

%d bloggers like this: