аптека

Позната фармацевтска компанија го уценувала светот со недостаток на лекови

Aspen Pharmacare, една од најголемите фармацевтски компании на светот, размислувала дури и за можноста да гу уништи своите постоечки залихи на лекови за лекување на тумор како би предизвикала зголемување на најновите цени во Европа, пренесе британскиот весник The Times повикувајќи се на документи до кои дошле.

Фото:Илустрација

Меѓу тие документи се наоѓале и презентации како и интерна електронска преписка на вработени во компанијата.

Можноста од уништување на лековите, како тактика на принуда, на маса се појавила во 2014 година. Во тоа време фармацевстракат компанија Aspen Pharmacare,  се наоѓала во судски спор со шпанскиот здравствен систем околу цената на лековите, кои сакале да ги зголемат дури и за 400%.

Идејата за зголемување на цените во Аспен, компанија од Јужноафриканската Република која своите европски операции ги води од Даблин, се појавила откако од британската компанија GlaxoSmithKline (GSK) ги купиле правата на портфељ на онколошките лекови Космос.

Меѓу нив биле и лековите busulfan и klorambucil, лекови за леукемија, mercaptopurine, кои се користат за лекување на лимфобластични леукемии која се јавува кај децата, како и лекови за неколку видови на тумор кои биле чести кај старите лица. За некои од тие лекови постоеле алтернативни терапии, ама со ограничено дејство, па лековите на Aspen повторно се појавиле како најбарани, пишува британскиот весник The Times.

Aspen цените успеал да ги зголеми во Англија и Велс искористувајќи ја дупката во законот, а документите до кои доспеал венсикот покажуваат како Aspen од 2012 година се обидувал систематски да ги зголеми цените кои здравствените системи на некои европски држави ги плаќале.

Весникот пишува дека компанијата во тоа зазела агресивен пристап. Тие би креирале недостаток на лекови или би се заканувале со снабдување како би ги принудиле властите да ги прифатат нивните услови, бил заклучокот на италијанската Агенција за контрола на пазарното натпреварување. ( АГЦМ). Токму Италија била една од државите која се спорела со Aspen. Во октомври 2013 година. Aspen се заканил дека ќе престане со снабдување на Италија со лекови доколку власта во рок од три месеци не се сложи со порастот на цените од 2100%. Иако новата цена на крајот е одобрена после неколку месеци, во меѓувреме дошло до недостаток на лекови. Од АГЦМ биле уверени дека со тоа Aspen врши притисок на властите, пренесува Јутарњи.хр

Од документите се гледа, како еден фармацевт му пишувал на Aspen и неговиот дистрибутер за Италија, жалејќи се дека мора да избира помеѓу двете семејства со болни деца и одлучи која од нив ќе го добие единствениот пакет на лекови кој им останал како последен во залихите.

Проблеми биле забележани и во Шпанија, која Aspen директно престанал со снабдување со пет наведени лекови во мај 2015 година. Извештајот за недостаток на лековите Cosmos пристигнале и од други земји во исто време, вклучувајќи ја Германија, Грција и Белгија.

Денис Деншер, извршен директор на Aspen Pharma Europe, за весникот Тајмс изјавил дека зголемувањето на цените на “ ниво кое е прикалдно за придвижување на долгорочно издржливо снабдување на пациентите“ и дека биле дигнати од “ многу ниско и неиздржчива база“. Јасно не наведиле на тоа за кого таа база била толку ниска и неиздржлива: на своите веб страни отворено се фалат како нивната пазарна капитализација изнесува околу десет милијарди долари.

Извршниот директор Денис Деншер за Тајмс признал дека имало недостаток на лекови, ама негирал дека тоа било намерно предизвикано. Како би ги решиле проблемите во снабдувањето, во нов производен погон во Јужноафриканската Република наводно инвестирале 55 милиони фунти. Потенцијалното уништување на лекови не сакале да го коментираат.

Aspen Pharmacare со ова однесување само на рака им одограл на оние кои тврдат дека фармацевстксите компании немаат многу врска со етиката и дека интензивно работаат на зголемување на цените, не грижејќи се воопшто за прашањето на достапноста на потребните лекови. Таа е најголема фармацевстка компанија во Африка и вработува нешто повеќе од 6300 работници.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × = 2

%d bloggers like this: