20170417_2_23139817_21143303_Web (Copy)

Турската организација ИХХ испрати над 1.500 камиони помош во Сирија

Турската хуманитарна фондација за човекови права, слободи и хуманитарна помош (IHH) објави дека во првите три месеци од годината испратила над 1.500 камиони со хуманитарна помош за Сиријците, јавува Anadolu Agency (AA).

„Испративме 1.518 камиони со хуманитарна помош, вклучувајќи основна храна за Хама, Хомс, околината на Алепо, Идлиб и за неговата околина“, изјави денес за АА Селим Тосун, медиумски советник на огранокот на фондацијата за Хатај.

20170417_2_23139817_21143306_Web (Copy)

Тосун изјави дека фондацијата се обидува да ги залечи раните на Сиријците, заедно со другите хуманитарни организации во Турција и пошироко. Тој додаде дека организацијата веќе нема да губи време за да испрати помош и во другите делови на земјата.

Хуманитарната организација од почетокот на граѓанската војна во Сирија, досега има испратено над 12.000 камиони со хуманитарна помош.

Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост против продемократските протести.

Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени, а над 10 милиони се раселени.

Хуманитарната фондација за човекови права, слободи и хуманитарна помош (IHH) е една од водечките хуманитарни агенции во земјата. Таа испраќа хуманитарна помош во целиот свет, за лицата кои страдаат, вклучувајќи ја и Сирија, која е погодена од војна, Сомалија, погодена од суша и регионите на Мјанмар погодени со конфликти.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + = 16

%d bloggers like this: