бурж Калифа

ВИДЕО НА ДЕНОТ: Вака изгледа чистењето на Бурж Калифа од надвор

1472410052.Zz07PJXZNbiOiwWy

Бурж Калифа, симболот на Дубаи, висока е 828 метра и официјално е највисоката зграда на светот која некогаш е направена, Истата е проектирана од страна на американскиот архитект Адријан Смит, а главен инвеститор е локалната компанија од светски познат глас “Emaar Properties”.

Изградбата на Бурж Калифа започната е на 21.септември 2004 година а свечено е отворена на 4.јануари 2010 година. Ова архитектонско чудо коштало повеќе од четири милијарди долари.

Бурж Калифа за два пати е поголема од Ајфеловата кула , а тежината на употребениот бетон за нејзината изградба еднаква е на тежината на 100.000 слонови.

Во зградата се наоѓаат 30.000 станови, девет хотели, трговски центри, базени…

Во кулата има дури 24.000 прозорци кои секогаш беспрекорно се чистат. За таа работа задолжени се специјализирани екипи, вешти и пред сё храбри млади луѓе кои морале да го совладаат стравот од висината.

Доколку не сте имале можност да се најдете во близина на ова арфитектонско чудо додека екипите ја чистат нејзината надворешност, еве ви можност да видете како тоа изгледа:




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + eight =

%d bloggers like this: