killing-erdogan-civil-war-is-solution-for-turkey-french-professor-says-1492940121934

(Видео) Француски аналитичар Дефагес: Атентат врз Ердоган и граѓанска војна решение е за Турција

Политичкиот научник и аналитичар во Францускиот институт за меѓународни односи (ИФРИ) Филип Моро Дефагес предизвика осуда и реакции кај јавноста, со коментарите за моменталната ситуација во Турција и со зборовите за претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган во еден телевизиски настап, јавува Anadolu Agency (AA).

Дефагес на телевизијата БФМ Бизнис изјави дека е невозможно Република Турција еден ден да стане членка на Европската унија, бидејќи во случај на потпишување на договор за членството тој договор ќе мора да помине низ парламентарни процедури за одобрување во сите земји-членки.

Коментирајќи во врска со референдумот од минатата недела во кој гласачите во Турција со мнозинство гласови го поддржаа спроведувањето на уставните реформи и транзиција кон претседателски систем во земјата, Дефагес ја обвини турската влада дека ги „затвори” правните можности на опозицијата која се жали за прелиминарните резултати.

Тој посочи дека во Турција дојде до застој и дека после тоа следува да избие „граѓанска војна” или да дојде до „убиство” на претседателот Ердоган.Тој додаде дека за другото му е тешко и да го изговори.

На реакцијата на водителот дека ниту едно убиство не смее на таков начин да се оправда во јавноста, Дефаргес рече дека ова прашање е предмет на поќевековни расправи за кои дури се водат расправи внатре во најголемите религии на светот.

Изјавата на Дефаргес во редовна емисија „Седум дена во светот” на телевизијата „БФМ Бизнис” предизвика јавна реакција во Франција и другите земји, а особено кај турската дијаспора во таа земја, која го обвини Дефаргес дека јавно повика на убиство.

Во реакциите најчесто се наведува дека ваквата реторика е неприфатлива, а голем број граѓани упатија пријави до Врховниот регулаторен совет на Франција за радио и телевизија (АДС).

Најавени се тужби против Дефаргес, а граѓаните бараат од него, како и од институтот ИФРИ и теливизијата „БФМ Бизнис” да се извинат јавно за контроверзните изјави на Дефаргес дадени во својство на аналитичар за меѓународните односи.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 6 = six

%d bloggers like this: