талибани

Американски генерал тврди: Русија со оружје ги снабдева талибаните

На конференцијата за медиуми заедно со министерот за одбрана Џејмс Матис, генералот Џон Николсон, американски командант во Авганистан, не објавил детали за улогата на Русија во Авганистан, ама изјавил “ дека не може да одрекне“ од мислењето дека Москва е вклучена во снабдување на талибаните со оружје, пренесува Associated Press.

Во понеделникот утрото висок американски воен представник на новинарите им изјавил дека во Кабул Русија доставува митралези и друго оружје со средна тежина.

Како што изјавил овој представник, талибаните ова оружје го користат во јужните покраини Хелманд, Кандахар, и Урузган.

Од друга страна, Русија ги негира ваквите обвинувања за ваков вид на подршка на талибаните, тврдејќи дека комуникацијата е ограничена на чување на безбедноста и обидите за помирување на тврдолиниските верски фундаменталисти со владата – во што Вашингтон со години немал успех.

Русија исто така се залага за ублажување на глобалните санкции на талибанските лидери кои ќе докажат дека сакаат да соработуваат.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight + = 9

%d bloggers like this: