ујгури

САДАМ И МЕДИНА НЕПОЖЕЛНИ: Кина го забрани давањето на муслимански имиња !

Се цел од наводна “борба против екстремистите“, Кина ги забрани муслиманските имиња во кинеската провинција Синкјанг каде живее голем број на Ујгури, кинеско муслиманско малцинство. Во таканаречениот документ “ Правил за давање на имиња кај етничките малцинства“ на листата на забранети имиња се нашле: Имам, Хаз, Куран,Садам,Медина и Ислам.

Комунистичката партија овие остри верски забрани ги воведила тврдејќи дека во прашање е броба против екстремизмот, во текот на сепаратистичките востанија на ујгурските бунтовници.

На сите бебиња со “ претерано верски“ имиња ќе им биде забрането влегување во системот за регистрација кој гарантира здравствено осигурување и образование , изјевил неименуван полициски представник од Урумчија, главен град на Сингјанг.

“ Забранивме имиња кои во себе носат силен верски предзнак, како на пример Џихад“, додал тој. “Најважна е конотацијата на имињата; тоа не смее да повикува на света војна или сепаратизам“.

Се проценува дека во Сингјанг живеат околу 10 милиони муслимани, а меѓународна невладината организација Human Rights Watch истакнала дека овој последен “апсурд“ представува дел од “ограничувањата на верските слободи во име на борбата против наводниот екстремизам“.

“Ваквата политика без сомение представува кршење на меѓународното право на слобода и вера на изразување“, изјавил Софи Ричардсон од кинескиот огранок на ова организација. Таа додала дека и покрај тоа што насилните испади и етнички тензии во Сингјанг се зголемени во последните години, владини репресивни мерки и казни тешко се дека представуваат решение. Наместо тоа, таа очекува ова ќе го продлабичи незадоволството меѓу Ујгурите.


Листата на забранети имиња представуваа само уште дно во низата ограничувања откако властите во Сингјанг им забранија на мажите да носат долги бради, а жените да носат бурки на јавни места. Во некои делови на Сингјанг луѓето биле попречување во носењето на марамите, шалови, долги бради и забрането им било користење на јавен превоз. Казни исто така се предвидени и за оние кои одбиваат гледаат државна телевизија или слушаат радио програма.

Сотици луѓе загинале во судирите помеѓу сепаратистите и кинеските власти во ујгурскиот автономен регион Сингјанг кој се наоѓа на крајниот северозапад на Кина. Пекинг за немирите ги обвини исламските војници, иако организациите за човекови права тврдат дека одговорен за насилствата представува репресивната политика на Кина, а бунтовниците тврдат дека овој регион илегално е окупиран од 1949 година. Владата ги оспорува овие наоди и тврди дека сите законски, културни и верски права на Ујгурите, и турските етнички групи, во целост се заштитени.

(TBT, Independent,)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ four = 10

%d bloggers like this: