BREAKING NEWS
Search
18033302_1502919953072513_5188532763828635629_n

(Видео) Уште еден пожар во Подгоречка планина

Денес во попладневните часови регистриран е уште ден пожар во Подгоречка планина, односно делот познат како Чуки-прашина, и овој пат, како и во претходниот пожар зафатена е борова шума. Nеофицијално до самото објавување на оваа информација 20.00 час пожарот сеуште трае иако истиот бил регистриран некаде околу 13.30 часот.

18033302_1502919953072513_5188532763828635629_n

Очевидци од местото на настанот кои ни го испратија ова кратко видео, ни потврдија дека против пожарните екипи за овој пожар биле известени во 14.00 часот и дека еве до испраќање на информацијата до нашава редакција потврдено сеуште ниту било каква екипа не излегла на терен , односно некаде околу 20.00 часот кога им било јавено по втор добивме потврдна информација дека екипа на против пожарната служба ке тргнела кон местото каде што е регистриран пожарот.

Она што е симптоматично и карактеристично е тоа што двата последни пожари со овој денешниот се регистрирани во ист ден петок, во ист дел засаден со борова шума, кој лесно се пали и заедничко е тоа што двата укажуваат дека истите се намерно подметнати.

Како и да е , очигледно е дека ниту противпожарните екипи, како и припадниците на шумската полиција не ги откриле вистинските причини , а ниту лицата кои би можеле да бидат како осомничени за ваква нечовечки и нехумани активности, а исто така пак ниту против пожарните екипи со сериозност не одговориле на дојавите на жители на ова населба, кога постои можност од навремено ставање под контрола или пак целосно локализирање на ваквите пожари и во двата случаеви.

Видео / Б.А

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + = 3

%d bloggers like this: