20170429_2_23372963_21539757_Web (Copy)

Унгарија постави и втора бодликава жица долж границата со Србија

Унгарија заврши со поставување и на втората бодликава жица долж границата со Србија, потврди заменик министерот за внатрешни работи на оваа земја Кароли Контрат, јавува Anadolu Agency (AA).

20170429_2_23372963_21539757_Web (Copy)

Контрат на прес-конференцијата во Будимпешта изјави дека втората бодликава жица на границата со Србија е поставена според одлуката на Владата на Унгарија.

Тој нагласи исто така дека на основа до сега се преземени мерки мигрантите да се држат подалеку од унгарската граница.

„Во февруари оваа година започнавме со пружање на бодликава жица на должина од 155 километри. Тоа е успешно завршено, ангажирани се 150 експерти и 700 затвореници”, изјави Контрат.

Унгарија првата жица ја изгради кон крајот на 2015 година, кога бегалската криза во Европа беше на својот врв.

20170429_2_23372963_21539746_Web (Copy) 20170429_2_23372963_21539751_Web (Copy) 20170429_2_23372963_21539752_Web (Copy) 20170429_2_23372963_21539756_Web (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 × one =

%d bloggers like this: