000_dm-dv2114526

ТРЕВОГА ВО КРАЛСКАТА ПАЛАТА: Во среде ноќ, закажан итен состанок

Нема причина за загриженост за здравјето на кралицата Елизабета 2-ра и нејзиниот сопруг Филип, изјавил за Ројтерс добро известен извор од кралската палата откако британски таблоид објави дека припадници на кралскиот персонал под итно биле повикани во Бакингамската палата.

Daily Mail претходно објави дека сите членови на кралскиот персонал од цела Британија биле повикани во палатата на итен состанок, што веднаш предизвика нагаѓање на социјалните мрежи дека нешто лошо се случува со кралицата или принцот. “Нема причини за паника“, изјавил за Ројтерс неименуван извор.

Кралицата неодамна го прослави својот 91.роденден.

Британската кралица наполни 91 година, а Филип наредниов месец ќе наполни 96 години. Дејли Мејл објави дека на кралскиот персонал ќе им се обрати Лорд Чемберлен управител на кралското домаќинство, и првиот секретар на кралицата Сер Кристофер Гејд.

Состанокот би требало да започне во 10 часот. Темата на состанокот не е позната, меѓутоа ББС наведува дека таквите состаноци на персоналот на кралското домаќинство не се реткост.

 “Начинот на кој состанокот е свикан крајно е невообичаен“

Персоналот на Бакингамската палата вечерва биле повикани на итен состанок. Нес танува збор само за персонал на палатата туку и за оние кои работаат за кралицата во другите резиденции. Никој сеуште не ја знае причината  за изненадниот состанок, па така и медиумите најблиски тапкаат во мрак, а и со самото тоа загрижени се за нејзиното величество кралицата Елизабета 2-ра и нејзиниот сопруг војводата од Единбург.

Untitled

“Иако состаноците кои ги собираат сите вработени на кралскиот персонал понекогаш се одржувани, начинот на кој овој пат тој бил свикан во доцниот час (23 часот навечер) крајно е невообичаен и сугерира дека станува збор за некаква голема и значајна објава. Само оние кои се најблиски на кралското семсјтво знаат што навистина таму се случува“ изјавил член на кралскиот персонал за Дејли Мејл.

Инаку, кралицата штотуку се вратила во лондонската резиденција псоле својот одмор во Виндзор.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + one =

%d bloggers like this: