2017-05-03T164945Z_1273221777_RC194775A760_RTRMADP_3_USA-PALESTINIAN

Трамп на твитер ја избришал пораката дека му било чест да биде со Абас

Пораката поставена во средата на Твитер профилот на претседателот на САД Доналд Трамп во која вели дека му “било чест“ да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас, избришана е еден ден подоцна.

Trump izbrisao poruku da mu je bila čast biti sa Abasom

Пораката е објавена набрзо после нивната средба во Белата куќа, кога Трамп изјавил дека се надева на постигнување на “нешто инзвонредно“ помеѓу Израел и Палестина, меѓутоа подоцна таа исчезнала иако била “ретвитувана“ повеќе илјада пати, напоменуваат израелските медиуми.

Избришаната порака содржела двеминутна видео0снимка од средбата на Трамп и Абас, вклучувајќи ги позитивните пораки за мировниот процес на претседателот и државниот секретар на САД Реџ Тилерсон. На снимката се гледа и срдечното ракување на двајцата лидери.

Пораката е поставена додека Абас бил на средба со Тилерсон во хотел во кој палестинската делегација предстојувала во центарот на Вашингтон. Трамп има обичај да објавува такви пораки после состаноците,вклучувајќи го и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси и јорданскиот крал Абдулах 2-ри. Не е јасно зошто пораката повеќе ја нема, а слична порака на неговата Фејсбук страница не е одстранета.

trump abas

Ова беше прв состанок на новиот претседател на САД со Абас, чија популарност опаѓа меѓу Палестинците. Се верува дека тој издејствувал да на крајот на мандатот претходникот на Трамп, Барак Обама во  ОН донесе резолуција во која се осудуваат еврејските населби на Западниот брег. Лос Ангелес Тајмс пишва дека тимот на Трамп тоа не го заборавил.

Очигледно е дека сега Абас му верува на Трамп бидејќи му рекол дека палестинскиот народ е “способен под негово раководство и голема способност за преговарање“ да биде вистински партнер на САД. На почетокот на Трамп сугерирал дека се откажува од ставот на своите претходници во решението на повеќедеценискиот судир на Израел и Палестинците  како модел на две држави.

На средбата со Нетанјаху во Белата куќа тој изјавил дека му се допаѓа и моделот на една држава доколку двете страни така се договорат. Американските представници подоцна објасниле дека САД остануваат посветени на моделот на две држави, а Абас во својата изјава во Белата куќа повторил дека Палестинците сакаат посебна држава во источен Ерусалим како главен град.

Трамп на крајот на овој месец ќе го посети Израел, а израелските медиуми наведуваат дека Витлеем ќе се сретне со Абас во Витлеем. Тоа ќе му биде прво патување во странство во текот на која ќе ја посети Саудиска Арабија и Ватикан.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = one

%d bloggers like this: