divonasele

Македонија: Две години од Диво насеље

Смртоносните борби во Куманово ја доведоа политичката криза во Македонија до точка на вриење. Опасноста- судирите во Куманово да испровоцираат меѓуетнички конфликт беше надмината благодарение на смиреноста на граѓаните

Осум полицајци- припадници на специјалната единица „Тигар“ и 14 осомничени терористи ги загубија животите во крвавата дводневна битка. Десетици беа приведени од полицијата. Владата објави дводневна жалост. Судирите започнаа во саботата наутро на 9 мај, откако полицијата наводно се обидела да изврши рација во населбата. Врз полицајците бил отворен оган од автоматско оружје и од ракетни фрлачи. Полицијата тврдеше дека напаѓачите имале свои поддржувачи во градот.

Ден по крвавите судири во кумановската населба Диво насеље, жителите најдоа разурнати домови. Многу објекти беа оштетени, а првично, речиси илјада граѓани беа привремено евакуирани.

Иако во судирите многумина препознаа обид да се разгорат етничките страсти и да се предизвика конфликт меѓу двете најголеми заедници во земјата, граѓаните се спротивставија на ваквото сценарио. Сведоци на тоа време останаа изјавите на бројни кумановски граѓани кои прегрнати говореа во прилог на соживотот.

Судирите се случија неполни четири месеци откако лидерот на опозицијата Зоран Заев започна со објавување на ткн. бомби- снимки од прислушкувани разговори чиј автор, наводно, била тајната полиција.

DW.COM




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + = 11

%d bloggers like this: