давеници

Италијанската крајбрежна стража игнорирала очајнички повици за помош на давеници

Италијанските крајбрежни власти ги игнорирале повиците за помош од чамецот кој носел стотина сириски бегалци пред да потони, објави „Huffington Post“.
Тонскиот запис од октомври 2013 година покажува дека екипажот на чамецот во повеќе наврати ја молеле италијанската крајбрежна стража да им помогне бидејќи чамецот тонел. Во трагедијата настрадале 268 луѓе.

Спасувачките екипи дошле дури после пет часа откако после упатувањето на првиот повик за помош. Италијанските власти на овој начин го прекршиле меѓународното право, меѓутоа поминале без било какви последици. Повеќе стотина бегалци и мигранти од северна Африка се удавија преку викендот после потонувањето на чамец кој се обидувал да дојде до европското тло.

На снимката која прво ја објавил “L’Espresso” се слуша глас на сирискиот лекар Моханада Џамоа во моментот кога бродот со бегалците бил само на 60 мкилји оддалечен од островот Лампедуса.

-Ве молиме помогнете ни, вода ни влегува во бродот – викал Џамоа, меѓутоа Италијаните им рекле да ја “контактираат Малта, бидејќи се поблиску до неа“.

Меѓутоа, тоа било далеку од вистината. Дури после неколку часа расправа со Малтежаните, Италијаните испратиле спасувачки брод кој бил недалеку од местото на кој потонал бродот со бегалците. До тогаш, речиси половинја од патниците веќе биле удавени.

Според новите податоци на Меѓународната организација за миграција, повеќе од 1.300 луѓе ова година смртно анстрадале во Средозменото море, а повеќе од 6.000 се спасени.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = thirty

%d bloggers like this: