Stan-od-122m2-vo-Struga

Во пресрет на локалните избори, Струга „шампион“ по бројот на градежни дозволи за станбени објекти

Изминативе неколку месеци е забележан позначаен раст кај бројката на предвидени станови за градење.

Според Државниот завод за статистика, во март 2017 година биле издадени одобренија за градење на 929 станови со вкупна корисна површина од 75.886 метри квадратни. Становите ќе ги градат првенствено деловните субјекти.

На ниво на општини, најмногу станови во март започнале да се градат во Гостивар – 191, а потоа Струга со 173 и општина Карпош со 142 издадени одобренија за градење.

Во Струга, како и во другите општини, од вкупниот број на одобренија за градење, поголем процент се наменети за објекти од високоградба, а потоа следуваат објектите од нискоградба и објекти за реконструкција.

Интернет огласите за категоријата станбен и деловен простор и објекти за домување, исто така, се преполни со понуди за продажба на станови или станови за изнајмување во оваа македонска општина. (Крај)

извор: ОхридПрес/ДСЗ фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine × 8 =

%d bloggers like this: