uprava za finansii

Кривична за поранешен градоначалник на Струга

Управата за финансиска полиција поднела кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од Управата за финансиска полиција примило пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик.

Кривичните пријави се проучуваат за донесување на натамошна јавно обвинителска одлука. (Крај)

извор: Нетпрес фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ seven = 14

%d bloggers like this: