paradamaici-640x355

За парадата матурантите ќе носат сини и жолти маички

„Матурска парада 2017“ ќе се одржи в петок напладне.

Годинава покрај матурантите од Скопје, ќе танцуваат матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.

Организаторите очекуваат да се вклучат околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици. Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + = six

%d bloggers like this: