20170516_2_23706454_22154653_Web (Copy)

Црна Гора распиша меѓународна потерница за Светозар Маровиќ

За поранешниот претседател на Државната заедница на Србија и Црна Гора и, до неодамна, висок функционер на Демократската партија на социјалистите (DPS), Светозар Маровиќ, распишана е меѓународна потерница на Интерпол, поради неодзивањето за извршување казна затвор во Црна Гора. Ова денес го соопшти потпретседателот на Владата и министер за правда, Зоран Пажин, јавува Anadolu Agency (AA).

„Процедурата е јасна. Распишана е меѓународна потерница за Маровиќ. Тоа е сега работа на Интерпол. Сите членки на Интерпол, почнувајќи од централната евиденција на оваа организација, којашто се наоѓа во Лион, се во можност да ја преземат потерницата и според неа да постапуваат“, изјави Пажин за новинарите.

Светозар Маровиќ веќе долго време се наоѓа во Белград, каде што, според зборовите на неговиот адвокат Здравко Беговиќ, се наоѓа на лечење.

Маровиќ е осуден на три години и девет месеци затвор, бидејќи призна дека бил на чело на криминална група, која во проектите „Jaz“, „TC Plaza“, „Kopirajt“, „Krapina“, „VTE“, „Bulevar“ и „Prijevor“ нанела мултимилионска штета на буџетот на општината Будва.

Маровиќ со договорно признание се изјасни за виновен и се согласи да врати на државата околу еден милион евра и да плати парична казна од сто илјади евра.

Синот на Светозар Маровиќ, Милош, осуден е во Подгорица на една година затвор за малверзации при препродавањето на општинско земјиште во местото Пријевор над Јаз. Милош исто така се наоѓа во Белград, каде што неодамна доби српско државјанство.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × one =

%d bloggers like this: