20170516_2_23703146_22149925_Web (Copy)

Грчките новинари стапија во еднодневен штрајк

Вработените во печатените медиуми во Грција ќе одржат 24-часовен штрајк во знак на протест на новата владина мерка за штедење, јавува Anadolu Agency (AA).

20170516_2_23703146_22149926_Web (Copy)

На повик на Федерацијата на новинарите на Грција (POESY), во 06.00 часот по локално време започна штрајкот во кој учествуваат вработените во државните телевизиски канали, новински агенции, радиостаници и информативни портали, кои ги запреа своите објави.

Откажани се и прес-конференциите за време на штрајкот.

Поради штрајкот, весниците утре нема да излезат во печат.

Се очекува вработените во печатените медиуми да протестираат пред зградата на Унијата на новинарите на Атина (ЕСИЕА).

- За утре е закажан генерален штрајк -

За 17 мај, среда, закажан е генерален штрајк во времетраење од 24 часа, во кој ќе учествуаат вработените и од државниот и приватниот сектор, во знак на протест против мерките за дополнително штедење, кои се дел од пакетот мерки за спас на програмата за финансиска помош на Грција.

Конфедерацијата на синдикати на вработените во Грција (ГСЕЕ), Федерацијата на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и Унијата за борба за правата на работниците (ПАМЕ) упатија повик за штрајк, во кој покрај вработените во државниот и во приватниот сектор, ќе учествуваат и групите на самовработени лица.

АДЕДИ и ГСЕЕ, во рамките на штрајкот се подготвуваат да организираат заеднички протест на плоштадот „Клатмонос“ во Атина. Во исто време, членовите на ПАМЕ треба да одржат протест на градскиот плоштад „Омонија“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 1 = four

%d bloggers like this: