20170517_2_23720815_22179639_Web

Клинсман: „Меси треба да го освои Светскиот куп“

Германскиот тренер Јирген Клинсман истакна дека играчот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси треба да ја заврши неговата кариера со освојување на Светското првенство, јавува Anadolu Agency (AA)

Клинсман, кој последен пат беше тренер на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави (САД), во својата изјава за германските медиуми нагласи дека Меси го заслужува шампионатот на Светското првенство. „Меси треба да го освои Светското првенство. Постои можност следната година да го освои ова првенство во Русија. Еден фудбалер како Меси треба да ја запечати својата легендарна кариера со освојување на Светското првенство“, рече тој.

„Меси е многу поинаков играч. Перфекционист. Скромен и прекрасен карактер. Неговата најзначајна карактеристика е тоа што е стрелец“, вели Клинсман, изразувајќи ја својата восхитеност од Меси.

Клинсман пофално зборуваше во врска со аргентинскиот легендарен стрелец, Диего Армандо Марадона. „Неколкупати имав можност да играм против Марадона. Со него се сретнав на натпреварот Интер  ̶  Наполи и на Германија  ̶  Аргентина. Секогаш знаеше што ќе направи на теренот. Марадона е еден целосен уметник“, додаде Клинсман.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × = forty five

%d bloggers like this: