Untitled

Што се случуваше и што беше премолчено во немирите пред Турската амбасада во САД

САФВАН АЛАХВЕРДИ – За време на посетата на САД од страна на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на 16. мај, пред зградата на амбасдата на Турција во Вашингтон се случија нереди, на кои им претходеа тешки провокации од страна на симпатизерите на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

Следејќи ја посетата на претседателот на Турција, Ердоган, во САД имав можност да бидам сведок на настаните пред амбасадата.

За време на средбата на претседателите Трамп и Ердоган во Белата куќа (околу 12.30 часот), во паркот Лафајет пред Белата куќа неколкумина симпатизери на ПКК и демостранти, кои носеа ерменски знамиња, почнаа да извикуваат слогани против Турција и претседателот Ердоган.

Во паркот се собра и група од неколкумина турски државјани, кои дошле да и дадат поддршка на Турција и претседателот Ердоган, при што вербално одговорија на провокациите на симпатизерите на ПКК.

Во моментите кога се почуствува напнатост, во самиот парк и околу него присутни беа поголем број полицајци на Вашингтон и лица од разузнавачката служба на САД. Турските државјани реагираа откако полициските екипи остранија поголем дел од нив од паркот, додека симпатизерите на ПКК слободно продолжија да се собираат во паркот.

Полицијата потоа презеде многу поостри мерки, преместувајќи ги симпатизерите на ПКК во делот од паркот далеку од медиумите, притоа околу нив постави безбедносен обрач.

Иако двете групи беа оддалечени едни од други, тие продолжија со меѓусебните дофрлувања, по што двете групи мирно си заминаа.

По протоколот се знаеше дека претседателот Ердоган околу 16:00 часот ќе ја посети амбасадата на Турција во Вашингтон. Симпатизерите на терористичката ПКК веќе во 15:30 часот почнаа да се собираат во паркот наспроти амбасадата.

- Упорни провокации со тешки навреди и пцости

Околу 20 лица носеа постери на Абдула Оџалан (осудениот водач на терористичката организација ПКК), Селахатин Демирташ (осуден лидер на партијата ХДП) и знамиња на ЈПГ, која е огранот на терористичката организација ПКК во Сирија.

Симпатизерите на терористичката организација извикуваа различни слогани против претседателот Ердоган. Истовремено изнесуваа и сериозни навреди и пцости на сметка на турските државјани отспротива.

Одговорот на симпатизерите на Ердоган и Турција кон упатените тешки пцости, навреди и провокации беше само вербален.

Но како времето одминуваше, тешките навреди и провокации на симпатизерите на ПКК, посебно на сметка на турскиот претседател Ердоган, добија една поголема и посериозна димензија.

Можеше да се забележи дека симпатизерите на терористичката организација, кои наводно се собрале на мирен протест, даваа сѐ од себе со најтешки навреди и пцости ја испровоцираат групата отспротива.

Можевме да видиме како симпатизерите на ПКК доаѓаат со мегафони до половина од патот кој ги разделуваше групите и продолжуваат со своите провокации. Во тој момент забележавме дека турската страна беше сериозно испровоцирана, посебно откако симпатизерите на ПКК почнаа да гаѓаат со шишиња вода.

Тоа траеше околу 10 до 15 секунди, и тогаш дојде до физички судир на средината од патот. Интервенираа само двајца полицајци и можеше да се забележи дека полицијата беше неподговена. Пред зградата на амбасадата имаше само 10 полицајци.

За време на првиот краток судир, турскиот државјанин Алп Кенан Дереџи доби сериозна повреда откако симпатизер на ПКК го удри со мегафон по главата. Лицето му беше во крв. Набрзо пристигна и брза помош, по што Дереџи беше хоспитализиран.

Полицајците на неколкупати беа информирани за состојбата на Дереџи, и ѝм беа дадени информации за напаѓачот. На шефот на полицајците му било кажано дека не станува збор за повреда од турканица, туку дека врз Дереџи свесно е извршен напад со предмет со кој е можно да се нанесе сериозна повреда.

Полицискиот шеф одговори дека не може да направи ништо во врска со тоа. Ваквиот став на полицијата предизвика зголемување на тензиите, бидејќи истиот напаѓач продолжи со пцостите и навредите.

На таквото однесување, поголема група од насобраните Турци пријде до полицајците и повтори дека лицето свесно го нападнала Дереџи, дека знаат за кого станува збор и дека треба веднаш да биде приведен.

Полицијата не сакаше да интервенира, а на турската страна и беше порачано да остане мирна и да се повлече назад.

- Симпатизери на терористичката ПКК на 15 метри од Ердоган

По првиот судир, пристигна полициско засилување и околу турската страна беше формиран безбедносен обрач, додека околу симпатизерите на ПКК тоа не беше направено. Тие продолжија да провоцираат и да фрлаат шишиња вода врз турската страна.

Треба да се нагласи дека симпатизерите на ПКК пред амбасадата на Турција се насобраа без за тоа да ги известат надлежните органи и пред турската амбасада беа на растојание од 15 до 20 метри од претседателот Ердоган.

Фанатизмот кој симпатизерите на ПКК го покажуваа на тоа растојаните, ја зголеми загриженоста од безбедносен аспект.

По доаѓањето на Ердоган, можеше да се чуе поголема доза на пцости и навреди преку мегафонот, по што интервенираа насобраните турски државјани и одделни членови на претседателското обезбедување.

Медиумите во САД не го прикажаа настанот од самиот почеток, туку американската јавност можеше да ги види само инсертите од последниот дел на немирите. На тој начин турската страна беше прикажана како извршител на немирите, а симпатизерите на ПКК како жртви на настанот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × nine =

%d bloggers like this: