filharmonija

СДК: Филхармонијата се пушта без технички прием, не е заведена во Катастар

Објектот на концертната сала на Македонската филхармонија не постои во скопскиот Катастар. Објектот не е запишан, а парцелата сè уште се води како камењар. Ова ги потврдува сомневањата на музичарите и градежниците дека за Филхармонијата, и покрај тоа што вечерва свечено се пушта во употреба и ќе биде преполна со луѓе, не е е направен технички преглед и нема одобрение за употреба, пишува СДК.

Филхармонија се отвора со првиот свечен концерт, со македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески и славниот диригент Владимир Ашкенази од Русија, а билетите се продаваа по цена од 2.500 и 3.000 денари. Маја Чанаќевиќ,  директорка на Македонската филхармонија два дена ги игнорира повиците на САКАМДАКАЖАМ.МК и не одговори на прашањето дали е направен технички преглед на објектот.

Не одговориле ниту од Министерството за транспорт и врски, институцијата задолжена да формира Комисија која треба да го направи техничкиот преглед и врз основа на тоа да издаде одобрение за употреба бидејќи Филхармонијата е објект од прва категорија, за која локалната самоуправа нема надлежност. Тие рекоа стручните прашања за употребната дозвола на објектот да се упатат во Министерството за култура.

И во Министерството за култура не одговараат дали објектот на Македонската филхармонија има технички прием.

Според Законот за градење градбата се става во употреба дури по добивањето на Одобрението за употреба. Според истиот закон, Министерството за транспорт и врски во име на инвеститорот на објектот е должен да достави барање за запишување на градежниот објект во јавната книга на недвижности во рок од три дена од денот на приемот на геодетскиот елаборат за извршен премер на објектот.

СДК дознава дека техничката министерка за култура и пратеничка Елизабета Канческа Милеска последните недели вршела силни притисоци кај службите во Министерството за траннспорт и врски објектот на Филхармонијата да биде пуштен во употреба по секоја цена уште додека не власт е техничката влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = thirty

%d bloggers like this: