20170522_2_23814384_22386008_Web (Copy)

Кара: „Треба да се стави крај на активностите на училиштата на ФЕТО во Македонија“

Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркан Кара, истакна дека училиштата се најзначајните човечки ресурси на терористичката организација ФЕТО, и нагласи дека во најскоро време треба да се стави крај на активностите на училиштата поврзани со ФЕТО во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Кара во својата изјава за АА, истакна дека ФЕТО е една крвава терористичка организација којашто преку обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, во Турција, се обиде да ја собори владата и уби 249 граѓани, заканувајќи ѝ се на демократијата и на животот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој е гласан и е избран за таa функција како резултат на волјата на народот.

Амбасадорката Кара пренесе дека во последните месеци биле затворени голем број медиуми на ФЕТО во Европа, кои се користени како најзначаен инструмент за пропаганда. „Во овој контекст, привлекува внимание затворањето на весниците и нивните интернет-страници поврзани со ФЕТО во Германија, Австрија, Белгија, Франција, Данска, Шведска, Норвешка, Финска и во Велика Британија“, вели таа.

„Медиумските институции на терористичката организација ФЕТО – којашто на 15 јули го покажа своето вистинско лице, дека е една крвава организација – што продолжуваат со нивната работа во Македонија и во некои други земји, преку кукавички и суштински неточни објави имаат за цел да ги отрујат односите меѓу нашите земји. Народот на Македонија како и нашите сонародници и државјани, во ниту еден случај не треба да се осврнуваат на медиумите на оваа терористичка организација“, истакна Кара.

Амбасадорката нагласи дека треба да се стави крај на активностите на овие медиуми, и веќе да не се дозволат кукавичките и подмолни пропаганди на ФЕТО во пријателската земја Македонија. „Ја поздравуваме поддршката на Македонија во борбата на нашата земја против ФЕТО, но тоа што очекуваме од Македонија, која ја гледаме како една од највредните пријатели, е колку што е можно поскоро да се стави крај на активностите на медиумите на оваа предавничка терористичка органзација во земјата, за да се оневозможат нивните цели за нарушување на односите меѓу нашите земји“, додаде таа.

- „Училиштата ги употребуваат како инструмент за реализирање на своите кукавички планови“ -

Кара посочи дека крвавата терористичка организација ФЕТО на 15 јули покажа до кое предавничко ниво можат да стигнат нивните кукавички планови, и вели дека училиштата управувани од страна на ФЕТО, се еден од најзначајните инструменти користени за реализирање на овие планови. „Во ниту еден случај не треба да биде прифатливо продолжувањето на образовните активности на кое било ниво, од страна на една терористичка организација што за време на обидот за државен удар уби 249 лица, повреди илјадници други, и со години на еден систематски и подмолен начин навлегувала во сите државни органи со цел да ја уништи демократијата и уставниот поредок на земјата“, истакна таа.

Амбасадорката Кара нагласи дека во Турција и во другите земји во светот, под маската на образованието ФЕТО едуцира нови поддржувачи за своите предавнички планови. „Исто така, приходите добиени од училиштата се значителен финансиски извор за терористичката организација“, вели Кара, и додава:

„Најзначајните човекови ресурси на оваа терористичка организација се училиштата, преку коишто ги труе нашите вредни деца. Ќе биде голема грешка ако овие училишта се гледаат како да се прашање само на Турција. Јасно се забележува дека овие училишта во иднина ќе бидат зло за земјите во кои се наоѓаат, и претставуваат можна сериозна закана. Во нашата земја, ние лошо ги почувствувавме заканите, како и вистинското лице на ФЕТО. Во оваа смисла, сметаме дека е важно да се предупредат пријателските и братските земји. Да се препуштат нашите најмили деца во рацете на ваква кукавичка терористичка организација, претставува голема закана за нашата заедничка иднина. Во овој поглед, во најскоро време треба да се стави крај на образовните активности во пријателската и братска земја Македонија, и треба да се спречи нашите најмили деца да бидат затруени од страна на оваа предавничка терористичка организација, за да не бидат користени за нивните цели“.

- „Балканот е приоритетен регион за Турската фондација „Маариф“ -

Кара истакна дека откако е основана Турската фондација „Маариф“, таа почна да се појавува во различни земји во светот. „Знаеме дека во пријателските земји во странство, во коишто живеат нашите државјани и сонародници, постојат очекувања за давање придонес од страна на Турција за можностите за квалитетно образование. Во овој поглед, минатата година во нашата земја е основана една фондација наречена Турска фондација „Маариф“. Фондацијата Маариф од денот на основањето почна со реализацијата на исклучително успешни проекти во рамките на формалното образование и надвор од тоа, земајќи ги како основа заедничките знаења и вредности на човештвото“, вели Кара.

Турската амбасадорка информираше дека Фондацијата Маариф во краток период ги презела или се договорила да ги преземе училиштата поврзани со ФЕТО во над 10 земји во светот. Таа пренесе дека се постигнати договори со надлежните органи на земјте во кои извршиле посети за отворање на нови образовни установи.

Амбасадорката Кара истакна дека Балканот, регион на пријателски земји и на нивни сонародници, претставува приоритетен регион за Фондацијата „Маариф“. „Очекуваме дека Фондацијата ‘Маариф’ во следната учебна година ќе започне со образовните активности во половина од земјите на Балканот. Во овие рамки, Македонија е првата земја меѓу земјите на коишто Фондацијата ‘Маариф’ им придава важност. Со оваа цел, одговорниот на Фондацијата ‘Маариф’ за Македонија започна со работа. Во најкраток можен период, Фондацијата ‘Маариф’ со своите училишта и квалитетното образование на секое образовно ниво ќе го заземе своето место меѓу еминентните училишта на пријателската и братска земја Македонија. Целосно веруваме дека македонските надлежни органи, како и во секоја област, и во работата на Фондацијата ќе ја покажат потребната соработка и поддршка“, додаде Кара.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× three = 9

%d bloggers like this: