erdogan

Ердоган остро го осуди терористичкиот напад во Манчестер

Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган најостро го осуди синоќешниот терористички напад во британскиот град Манчестер, јавува Anadolu Agency (AA).

Сакам најостро да го осудам терористичкиот напад во британскиот град Манчестер. Како Турција ја делиме болката со Велика Британија и британскиот народ по нападот во кој, според досегашните информации, загинале 22 и ранети се 59 лица. Сакам исто така да нагласам дека Турција е со Велика Британија кога е во прашање борбата против тероризмот, исто како што е и со другите земји”, рече Ердоган.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + five =

%d bloggers like this: