konvoj

(Видео) САД им испорача оружје на терористите на ПЈД: Во Сирија влезе конвој од 100 камиони

САД испорачаа две воени пратки за терористичката организација ПЈД/ПКК, под плаштот на наводната борба против терористите на ДЕАШ на подрачјето на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Испораката на вооружувањето ја забележаа новинарите на АА во Хасеке, а таа се случи само шест дена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша наредбата да му биде доставено оружје на ПЈД, огранокот на терористичката организација ПКК во Сирија.

Вооружувањето е испорачано во два наврата, на 15. и на 20. мај, кога преку граничниот премин Симелка помеѓу Ирак и Сирија, во регионот под контрола на ПЈД/ПКК влегоа 100 камиони.

Во конвојот што од Хасеке тргна понатаму кон Рака, пренесени се танкери, оклопни воени возила, работни машини и контејнери полни со оружје и муниција.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на неодамнешната посета на САД, каде што се состана со американскиот претседател Доналд Трамп, истакна дека не е прикладно терористичката организација ЈПГ/ПЈД, огранокот на ПКК во Сирија да се прифаќа за соговорник.

ПКК  е на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и во САД. ЈПГ/ПЈД е сириски огранок на ПКК.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× five = 15

%d bloggers like this: