tramp-saud

КАКВИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА “АРАПСКИ НАТО“ Набил: Израел повеќе не би бил непријател , туку сојузник

 

 

 

Пишува: Nabell Audeh

Се вели дека сојузништвото помеѓу две држави се заснива на заеднички интереси или на заеднички непријатели. Откако претседателот Доналд Трамп ја презеде должноста, започнаа да се надзираат знаци на повторно воспоставување на карти на регионални сојузништва на Блискиот исток.

Овој процес би можел да захтева оживување на “ оската на умерени земји “, која ќе ги вклучува Саудиска Арабија, Египет и Јордан. Целта би била спротивставување на заедничкиот непријател, за кој нема спор како порано, односно на иранското влијание во регионот и “терористичките“ групи. Меѓутоа, овој пат изненатувањето се однесува на Израел.

Помеѓу две оски

Во пресрет на избувнувањето на арапските револуции, регионот беше поделен помеѓу две конкурентски оски со јасни граници. Тоа се “движењето на отпорот“ составен од: Иран, Сирија, Хезболах и Хамас, како и “умереното движење“ кое во основа го сочинуваат: Египет, Јордан и земјите на Заливот, воглавном “вовлечени во орбитата“ на Соединетите Американски Држави.

Меѓутоа, заради арапските револуции и контрареволуции, експлозија на сириската криза како и двоумење и опрезен однос кој го имала администрацијата на Барак Обама во регионот дојде до мешање на картите. Се исплеткаа линиите на сојузништвата и повеќе не била јасна основата на која  би се можеле да дефинираат заедничките интереси или заеднички непријатели.

Официјалната арапска структура на властите доживеа пресврт, помеѓу радикалните кои го усвоија насилството против сите кои не ги подржуваат или не признаваат нивниот легитимитет, и конзервативните, кои се борат против арапските револуции бидејќи ги сметаат за реална закана на континуитетот на нивните политички системи. Исто така, тука се и либералите или напредњаците кои се обидуваат да стојат на иста оддалеченост, а заедничко им е верувањето во неминовноста на промените кои треба да се направат постепено.

Што се однесува до “оската на отпорот“, таа претрпе болен удар со излегувањето на Хамас од неа. Сирија е претворена во бојно поле за меѓународни фактори. Надворешната политика на претседателот Обама дополнително ја закомпликува ситуацијата.

На поранешниот американски претседател му преостана да го премости јазот со Иранците како би дошол до споразум за нивната нуклеарна програма, додека истовремено значително повеќе ги критикуваше своите традиционални сојузници меѓу Арапите. Тој исто така изјави дека опасноста која се заканува на нивната безбедност и стабилноста на режимите не може да се доведува во директна врска со Иран, туку со внатрешните проблеми предизвикани од политичката репресија.

Со доаѓањето на Доналд Трамп на власт, линиите на сојузништвата започнаа да стануваат сё појасни: од почетокот втемелени на линијата на непријателства спрема Иран. Во една од своите Твитер пораки, пишувајќи: “Иран се игра со оган – тие не ценат колку спрема нив ’благ’ беше претседателот Обама. Ама не и јас!“.

Ваквиот однос на Трамп дополнително ја зајакна соработка со неговиот тим кој го сочинуваат елитни и квалификувани генерали, слични како американскиот секретар за одбрана  Џејмс Матис и советникот за национална безбедност Херберт Рејмонд МекМастер, кои не го кријат својот радикален став спрема Иран како најголема опасност за американските интереси во регионот.

Матис отворено изјавил дека Иран е еден од најголемите спонзори на тероризмот во светот. Што се однесува до МекМастер, тој нагласил дека САД има силна желба повторно да го разоткрие Иран, заради неговата голема подршка на “ убилачкиот режим“ во Сирија, правеќји “масовни убиства“ на својот народ.

МекМастер смета дека иранскиот режим применува политика на наметнување односно познатиот “Модел на Хезболах“ на поширокото подрачје на Блискиот исток, а, сё со цел претварање на владите во слаби ентитети кои ќе бараат подршка од Иран.

Со тоа, целосно е идентификуван заедничкиот непријател (Иран), а пред тоа и организацијата ИСИЛ. Сега останува во целост да се пополни коалицијата која ќе работи на соочување со овие две закани. Овде се појавува проблемот на Израел и неговата позиција во однос на ова сојузништво.

Израелски сојузник

Моментално се промовира пристапот дека вистинското судирање со овие предизвици не може да се оствари без интензивирање на напорите на сите држави на кои тие се однесуваат, што го имплицира влегувањето на Израел во ова очекувана коалиција. Изгледа дека тоа не представува проблем за арапските земји со “умерени ставови“. Напротив кај нив можеби постои реална желба Израел да им се придружи во ова сојузништво.

Во последно време, говорот за нормализација на односите со Израел, на пример, повеќе не представува главен проблем. Едностраните одлуки за безбедносната координација со Израел исплива на површина. Дипломатскиот јазик помеѓу Тел Авив и поедини арапски престолнини зазема форма на јасна интимност.

Во начело, ова е во склад со општата визија која ја усвои Трамп. Тој настојува да ја скрши амњриканскиот доминирачки образец занимајќи се со прашањето на арапско-израелскиот судир. Трамп, на конференција за новинари со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон (20.фебруари) наговестил дека тежи кон постигнување на договор кој нема само да ги вклучува  Израелците и Палестинците туку и регионалните држави. Спорд неговите зборови, овој договор ќе биде “многу поголем отколку некои што мислат“.

Изјавата на американскиот советник за национална безбедност  генералот МекМастер оди во ова насока, кога изјавил, во една прилика при учество на свечено одбележување во Вашингтон на годишнина од оснивање на израелската држава, дека “тешката ситуација“ вклучувајќи ја и воената моќ на ИСИЛ, како и растечката регионална закана од страна на Иран “ би можело да нё натера да го решиме она што некои го сметаат за тежок проблем, слично како израелско-палестинскиот конфликт“.

Важно е да се напомене дека американскиот секретар за одбрана генералот Матис – кој во голема мера верува на идејата за сојузништво и нивното значење за американската национална безбедност – ја надмудри посетата на Трамп со својата посредничка турнеја која опфаќаше бројни престолнини на Блискиот исток, како престолнините на Саудиска Арабија, Египет, Катар, Израел и Џибути.

Меѓутоа, не е никаква тајна дека таквиот сојуз, кој ги вклучува Израел со Арапите, не може ефикасно да се постигне без помирување на палестинско-израелската сцена, така да на стагнирачката вода да и` се врати динамиката во мировниот процес на оживување на преговорите.

Неопходно е да се пронајде форма за решавање на кризата во Појасот Газа со што би се завршил периодот на владеењето на Хамас во таа област. На тој начин палестинското прашање повторно би станало преговарачка карта и жртва на регионалниот и меѓународниот баланс на силите.

Во минатото, односно поконкретно во осумдесетите години на 20-от век, палестинското прашање беше капија ни која Египет се врати во Арапската лига преку соговорот Хусеин/Арафат, со цел повторно воспоставување на арапската солидарност како би застанале раме до раме со Ирак во борбата против Иран во текот на Иранско-Ирачката војна.

Истото се случило и на конференцијата во Аннаполис 2007 година, кога американскиот претседател Џорџ Буш  сакал да ја добие подршката на арапските сојузници во борбата против тероризмот по пат на иницијативата “ Карта на патот“, мировен план кој на крајот требаше да доведе до оснивање на независна палестинска држава.

Меѓутоа, овој пат интересно е дека картата со која се посакува тргување во палестинското прашање не се однесува само на враќањето на арапските земји под крилото на арапскиот свет на новата карта на патот, туку на Израел кој повеќе не е непријател туку сојузник.

(TBT, Al Jazeera)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 × six =

%d bloggers like this: