Souk Madinat Jumeira

ДРЖАВА НА БЛАГОСОСТОЈБА: На државните службеници и пензионерите, платите пред месец Рамазан

Властите во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)  на вработените во јавниот сектор во ова земја платите ќе им бидат исплатени неколку денови пред планираната дата за исплатување заради настапување на месец рамазан.

Според ова одлука, државните службеници својата плата ќе ја добијат пред почетокот на месец рамазан.

Longest Iftar in Sharjah

Наводно, државните службеници, пензионерите и корисниците на социјална помош во ова земја своите примања ќе ги добијат на 25.мај, односно на два дена пред настапувањето на месец рамазан.

Целта на ваквата одлука е да им се овозможи на семејствата адекватно би се подготвиле за предстојниот свет месец.

Покрај тоа, со одлука на властите работното време е скратено за два часа, односно започнува од 09.00 до 14.00 часот.

Месец рамазан во кој муслиманите ширум светот постат, воздржувајќи се од храна, пијалок и други телесни потреби ова година започнува во сабота 27.мај.

Воздржувањето од храна и пијалок започнува во утринските часови со повик на молитва, пред изгрејсонце, а завршува со заоѓање на сонцето.

MG_49802

 





Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 1 = one

%d bloggers like this: