евреи-алакса

Еврејски доселеници упаднале во Ал-Акса, израелската полиција ги тепала и приведила чуварите на џамијата

Израелската полиција извршила напад врз чуварите на комплексот на Ал-Акса и во таа прилика ранети се поголем број на луѓе. Припадници на специјалната израелска полиција во таа прилика приведила три стражари – изјавил портпаролот на Управата на исламскиот вакуф Фирас Дибс.

Истакнувајќи дека стражарите интервенирале кога стотина Евреи легнале на платото со намера да извршат молитва на место кое не е наменето за тоа, Дибс изјавил дека израелската полиција на тоа одговорила со употреба на сила и ги приведила стражарите. Еден од стражарите со тешки повреди бил хоспитализиран.

Дибс истакнал дека во комплексот Ал-Акса денес влегле 708 Евреи. Претходно радикални еврејски групи повикале на собирање околу Ал-Акса по повод 50.годишнината од израелската окупација на Источен Ерусалим.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six × 3 =

%d bloggers like this: