Anel

Интервју со Анел Калчиноски – Двократен шампион со ФК Вардар во Купот на Македонија.

18685359_1325941487482018_928685907_n

Вчера (24.05.2017) на градскиот стадион ,,Билјанини Извори” се одигра уште едно финале од Купот на Македонија помеѓу младинските екипи на Вардар и Работнички, каде Вардар со пресврт во второто полувреме за 2:1 дојде до резултат кој им донеса нов трофеј.

По тој повод ја искористивме и можноста за разговор ( кратко интервју ) со еден од играчите на овој македонски прволигаш кој представува главна алка во клубот а потекнува од село Октиси, Анел Калчиноски.

ДП: Анел, веќе втор пат пат по ред станувате шампион со Вардар. Какво е чувството да се биде дел од сето ова?

Калчиноски: Чувството да се биде во најдобриот клуб во Македонија е фантастично. Како и изминатите години напорно работевме да ја одбраниме и оваа титула, три години по ред Вардар е шампион, а две години откако сум јас во клубот. Тоа чувство според мене не може да се опише, може само да се почувствува.

ДП: Ќе сакате ли накратко да ни кажете нешто за Вас и се разбира опишете вашата кариера.

Калчиноски: Најпрво сакам да ви се заблагодарам што ме избравте мене како ваш гостин во ова интервју. Се викам Анел Калчиноски, сум од селото Октиси, имам седумнаесет години. Дефанзивен сум играч по бековска страна. Кариерата ја започнав во ФК Караорман од Струга на осум годишна возраст. Во моментов ми представува голема чест и задоволство што го носам дресот на најтрофејниот клуб во Македонија. Клуб кој го води фудбалот во Македонија, клуб кој ги има најдобрите кадри и одличнпо работи на теренот.

18679203_1325429874199846_1418789672_n

 

ДП: Како изгледа животот на спортскиот терен?

Калчиноски: Желбата да успеам во овој спорт ми е најголема и приоритетна цел во животот. Теренот за мене представува втор дом, бидејќи фудбалот за мене е една посебна врста на љубов, а соиграчите исто така една посебна врста на фамилија. Уште од самиот почеток лесно се прилаговид во тимот на Варда. Ја прифатив нивната игра и сега можам да кажам дека се што гледам пред себе се многу успеси во иднина. Ние играчите како дел од Вардар се повеќе се зближуваме еден со друг и покажуваме дека едноставно гинеме на теренот еден за друг за овој клуб, еве, на пример денес успеавме да се избореме и заминеме како шампиони. Овој момент сакам да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на нашиот трењер кој никогаш не се откаќа и со голема посветеност и упорна работа не донесе на ниво на кое сега се наоѓаме, а за тоа кажува и оваа победничко финале,

ДП: Кој е најзаслужен за твојот досегашен успех?

Калчиноски: Најзаслужни за мојот успех се моите родители кој уште од мали нозе ми даваа поддршка иако не бев свесен дека навистина имам талент. Тие буквално овозможија се за мојот напредок, па седо ден денес е така, тие ми се најголемата поддршла во мојот живот како и во фудбалот така и во приватниот живот. Да не ја одвојам мојата  напорна работа. Јас успеав и успевам на заслуга и на себе. Мојата напорна работа во и надвор од теренот е дел од сето ова. Исто така дел од заслугата му припаѓа и на трењерот

ДП: Каде се гледате во иднина?

Калчиноски: Сонот на секој млад фудбалер е да заигра за најдобриот клуб во својата земја, така и јас во најтрофејниот клуб во Македонија. Да се освои пто е можно повеќе трофеи, како и да се биде една од главните карики во клубот. Во иднина себе си се гледам во првиот тим на Вардар бидејќи чувството да си на врвот со најдобриот клуб е целта која ја имав зацртано до сега.

ДП: Што би им препорачале на оние кои се занимаваат со фудбалот, а што на оние кои не се занимаваат?

Калчиноски: Би им препорачал да трењираат напорно и да ги следат своите соништа бидејќи можеби еден ден би го постигнале она што замислиле. На тие што не се занимаваат со фудбалот би им препорачал да размислат убаво бидејќи спортскиот живот те прави подобра личност пред се, ти дава спортски дух и карактер така што ќе им подлегнеш на емоциите и чувствата кои се создаваат на теренот. Фудбалот не е само спорт кој се игра само за пари, фудбалот е љубов, посебна љубов која човекот внатрешно го исполнува.

ДП: Калчиноски, Ви благодариме што бевте дел од ова наше интервју и што одвоивте дел од вашето време да накратко ни кажете за вас и вашата кариера. Се надеваме дека низ вашата кариера со успех ќе чекорите се до крајот.

Калчиноски: Ви благодарам и вам, што еве накратко и Вие издвоите време за ова наша заедничка средба и краток разговор (интервју).

18679156_1325442644198569_1481320954_n

Дубаи Портал/Махир Демишоски

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 2 = ten

%d bloggers like this: