20170525_2_23883908_22509691_Web (Copy)

Средба на Ердоган со претседателот на Европскиот парламент

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, одржа средба со претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Антонио Тајани, јавува Anadolu Agency (AA).

20170525_2_23883908_22509693_Web (Copy)

По средбата со претседателот на Советот на Европа, Донал Туск, и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, Ердоган се состана и со претседателот на ЕП, Антонио Тајани.

Средбата се одржа во зградата на Советот на Европа и беше затворена за медиумите. На средбата, Ердоган беше придружуван од страна на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за ЕУ и главен преговарач, Омер Челик, како и министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак.

На средбата којашто траеше околу 45 минути, било дискутирано за моменталната состојба на односите меѓу Турција и ЕП, како и за можните идни чекори.

Ердоган по оваа средба замина во седиштето на НАТО, за да учествува на Самитот на претседатели на држави и влади на НАТО.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


1 + = nine

%d bloggers like this: