20170525160124_91386

ТЕРОРИЗМОТ НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ: ИСИС ја нападна најнаселената муслиманска земја

Индонезискиот претседател во четвртокот го повика народот да остане мирен, на ден после убиството  на тројца полицајци во Џакарта во напад на бомбаш самоубиец кој носел обележје на терорист.

Најсмртоносен напад од јануари минатата година

Десет особи, меѓу кои пет полицајци и пет цивили, ранети се во две експлозии кои во период од пет минути биле детонирани од страна на напаѓачи во престолнината на Индонезија во средата доцна навечер, објавила полицијата.

Нападот бил најсмртоносен во Индонезија од јануари 2016 година, кога седум особи беа убиени, од кои пет напаѓачи во главниот град.

“Мораме да останеме мирни и смирени. Заради тоа што… ние муслиманите се подготвуваме за пост во месец рамазан“, изјавил претседателот Јоко Видодо.

Нова генерација на милитанти се закануваат со поголема радикализација

Властите во најмнозинската муслиманска земја, сё повеќе се загрижени заради зајакнување на радикализмот од новата генерација на милитанти која примерот го гледа во злогласната организација ’Исламска држава’.

Полицијата сеуште не ги именувала двајцата самоубијци, меѓутоа се дознава дека биле поврзани со организацијата Аншарут Даулах, која Американскиот Стејт Департмент ја ставил на пописот на терористички организации, која приблекла мнимание на стотина симпатизери на ИС во Индонезија.

Властите веруваат дека 400 Индонежани им се придружиле на ИСИС во Сирија и дека тие би можеле да бидат смртна закана по враќањето во татковината. Исто така, полицијата изјавила дека за напаѓаќите за атентатот во средата употребиле експрес лонци за подготвување на храна наполнети со експлозив.

Филипинските власти започнаа со бомбардирање на ИСИС.

Припадниците на ИСИС, се обидуваат да го заземат филипинскиот јужен остров Минданао. Неодамна тие му ја отсекле главата на шефот на локалната полиција и и ограбиле катедрала во која како заложник користеле католички свештеник и околу 15 верници. Притоа убиле најмалку 11 цивили.

Припадници на ИСИС повеќе ги нема од 30 или 40, меѓутоа властите тврдат дека тешко е да се репи кризата бидејќи истите се сокриле во стамбените згради и поставиле бомби по улиците.

Во бегство се дале 200.000 жители на тој град 800 километри јужно од престолнината Манила. Војската во четвртокот започнала со бомбардирање на ИСИС притоа тврдејќи дека биле убиени пет војници и еден полицаец како и 13 џихадисти.

 

(TBT)

 

 



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven × 8 =

%d bloggers like this: