_96197455_dubairobot2

(Фото/Видео) Првиот робот полицаец во Дубаи почнува да патролира

Полицијата на Дубаи еден од седумте емирати на Обединетите Арапски Емирати го претстави првиот робот полицаец кој ќе патролира по градот.

dubai-robot-police-robocop-gitex-2015-twitter

Роботите полицајци во Дубаи добија задача да ги контролираат градските трговски центри и туристичките атракции.

Луѓето ќе можат да комуницираат со роботите, да пријават кривично дело, да платат казна и преку допирните екрани на градите на роботот да добијат информации.

Податоците и информациите кои ќе ги соберат роботите, ќе ги споделат со надлежните.

Владата соопшти дека до 2030 година планира 25 насто од полициските сили да бидат составени од роботи полицајци.

Властите исто така потенцираа дека роботите не ќе можат да ги заменат луѓето.

Image result for Dubai Robot police

Шефот на управата за паметни услуги Халид Ел Разуки рече дека нема да ги заменат полицајците со овие роботи. Но исто така не треба да се заборави фактот дека секој изминат ден расте бројот на жителите на Дубаи. Затоа ќе ги промениме местата на полицајците со цел да се постигне безбедноста на градот. Голем број луѓе ги посетуваат полициските станици и дирекции како и службите за услуги на клиентите. Со посредство на роботите ќе имаме непрекинат пристап до народот.

Моментално роботот може да комуницира само на арапски и англиски јазик, додека во иднина се планира да зборува на руски, кинески, француски и шпански.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = forty five

%d bloggers like this: