bebe

Општина Струга со позитивен природен прираст на населението

Државната статистика регистрираше намалување на бројот на новородени деца во Струга за првите три месеци од 2017 година.

И покрај тоа, природниот прираст на населението во оваа општина, е во позитива и е со индекс 12.

Бројот на новородените деца во извештајниот период е 157, додека бројката на починати лица изнесува 145, од кои две биле новороденчиња.

Во овој период во Струга биле склучени вкупно 87 бракови, а имало 23 разводи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ 5 = eleven

%d bloggers like this: